за

Mercedes-Benz Arena ја стартува концертната сезона со U2

Марката со сребрената ѕвезда заврши со преуредувањето на престижната арена во Берлин и ја започнува новата сезона со четири концерти на ирскиот бенд U2. Потоа пристигаат и Мадона, Фу Фајтерс, па и „Циркус на сонцето“.

Арената на Mercedes-Benz во Берлин ја започнува првата сезона со четири концерти на ирскиот бенд U2, откако беше извршена темелна реконструкција на спектакуларниот објект со цел истиот поверно да го оддава актуелниот дизајнерски говор на моделите на Mercedes. Нови „детали“ се 50-метарскиот натпис Mercedes-Benz на челната фасада на аребата и трите огромни ѕвезди на марката.

Во влезното подрачје пречекува амбиент во кој доминира вистинско дрво, вклучувајќи инсталација на „down-lights“, додека во лобито се наоѓаат два огромни екрани со дијагонала од 5,4 метри. Главен белег на арената е секако ѕвездата на Mercedes-Benz, тешка 2,5 тони и поставена под видео-куполата во покривот на арената.

До крајот на годината се најавени повеќе од 50 настани, вклучувајќи концерти на Мадона, Фу Фајтерс, но и пристигање на шоуто Варекал на „Циркусот на сонцето“ или на најуспешниот германски комичар Марио Барт.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Студија во САД: Електрониката го паркира автомобилот побрзо од возачот

Шефот на Porsche доаѓа на местото на Винтеркорн во Volkswagen