за

Mercedes-Benz ја пушти технологијата Nanoslide во производство

По 20 месеци од поставувањето на камен темелникот, фабриката на Mercedes во Арнштат почна со производство на моторни блокови со иновативната технoлогија Nanoslide.

Во првата фаза, во Арнштат ќе се изработуваат моторни блокови за бензинските мотори V6 на Mercedes. Во фабриката се инвестирани 90 милиони евра, а во производсвото моментно се ангажирани 40 лица. До крајот на годината бројот на вработени ќе се зголеми двојно.

Технологијата Nanoslide е развиена од Mercedes и заштитена е со повеќе од 40 патенти. Станува збор за легирање на цилиндерските кошулки со железо, со помош на светлосен лак кој се создава под дејство на електрика. На крајот, работната површина се полира и се добива легиран слој со дебелина меѓу 0,1 и 0,15 милиметри. При полирањето се создаваат микро пори кои што впиваат исклучителна количина на моторно масло. Како резултат се добиваат ниски вредности на абење, но и висока отпорност на абење. На тој начин се намалува и потрошувачката на гориво, а со тоа и емисијата на штетни гасови.

Централна функција во производствената мрежа за компоненти од погонската спрега има фабриката на Mercedes во Унтертиркхајм, покрај Штутгарт, која што во шесте погони произведува мотори, менувачи и оски. Мотори и компоненти се произведуваат и во Берлин, а оски и други компоненти во Хамбург. Во Келеда исто така се произведуваат мотори, а во Романија компоненти и цели менувачи. Во минатиот месец почна со работа и новата фабрика за мотори во Кина. Следната година стартува производство на мотори во Тенеси, САД.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бизнисот со фалсификувани авто делови вреди 10 милијарди евра

Mitsubishi Space Star со рекордни 3,38 литри на 100 километри