Мерцедес-Бенц меѓу јахти и отмено живеење во шведска Аурора

Мерцедес-Бенц првпат учестуваше на Аурора во Шведска, настан што соединува скапи автомобили, јахти и убаво однесување.

Мерцедес-Бенц го почести собирот на богати Аурора во Шведска, донесувајќи реплика од првиот автомобил во историјата, како веродостојно мерило за 140-те години што се поминати од тој момент.

Во изминатиот викенд, Мерцедес-Бенц Класик првпат учествуваше на Аурора, во јужна Шведска. Поставата на Германците се состоеше од два парови.

Едниот беше Мерцедес-Бенц В 125 од 1937 година, покрај студијата Мерцедес-Бенц Вижн ЕЊ Ку Силвер Ароу од 2018 година, додека втората комбинација ја сочинуваa В 111-2 од 1970 година и Вишн Уан-Илевен од 2023 година.

Германската марка со овие споеви сакаше да укаже дека дизајнот и естетиката на своите историски модели, уште се применливи и во денешницата.

Во годината кога одбележува 140 години од првиот автомобил на планетата, Мерцедес-Бенц секако донесе две реплики од Бенц Патент-Моторваген од 1886 година.

Една од репликите им прикажа на гостите како денес изгледа возењето со едноцилиндарски мотор со моќност од 0,75 КС.

Во боја на Вајсхербст, ретко германско вино

На својот прв настап на Аурора, Мерцедес-Бенц донесе едно од своите најпрепознатливи студиски возила, Ц 111-2 од 1970 година. Исто како претходникот од 1969 година, ова футуристичко спортско купе поседува ванкел мотор, каросерија од пластика зајакната со стаклени влакна – односно фиберглас – крилести врати и лак што се води како „Вајсхербст“, а тоа е бојата на германско вино што се произведува во специјална постапка.

На Ц 111-2 во Шведска му парираше електричен Вижн Уан-Илевн од 2023 година, во слична боја со оригиналниот Вајсхербст, што во буквален превод значи бела есен.

Втората комбинација се обраќаше на светот на мотоспортот. Болидот В 125 владееше во трките во 1937 година и славниот Рудолф Карачиола првпоат стана европски првак со овој автомобил.

Експертите на Мерцедес-Бенц Класик двапати во денот го стартуваа осумцилиндарскиот мотор со 592 КС, за да потсетат како светот ја доживувал моќта на оваа грдотија на времето. Како пандан на В 125 од денешницата, служеше Вижн Е Ку Силвер Ароу од 2018 година, електричен.

Публиката се одушеви посебно од Мерцедес-Бенц 300 СЕ Рели од генерацијата В 112. Шведската релистка Еви Росквист (1929 – 2024 година) со истиот тркачки модел нижела бројни успеси во 1960-те години и стекна светска слава. На тој начин, Мерцедес-Бенц докажа дека С-Класата е издржлива и сигурна и во најесктремни услови на рели.

Аурора се одржа од 26-ти до 28-ми јуни, во ботаничката градика Норвикен Гарденс во близина на Бастад во јужна Шведска. По три години, настанот веќе се вбројува меѓу главните одредишта на светот на олдтајмерите.

Освен на автомобили, настанот им е посветен и на уметноста, јахти, врвна мода и механички часовници.

Мерцедес ГЛБ · За секој ден и за секаде, секогаш Мерцедес

Претходна објаваКиа Ексид по фејслифтот чини колку обичен компакт
Следна објаваФерари Луче распродаден во Кина, првите 88 примероци веднаш најдоа сопственик

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here