Ферари Луче распродаден во Кина, првите 88 примероци веднаш најдоа сопственик

Електричниот Ферари Луче наиде на големи негодувања на сцената, но очигледно дека има луѓе на кои им се допаѓа необичниот автомобил.

Ферари Луче предизвика контроверзи уште при премиерата. Проблемот не е толку во електричниот погон, туку во дизајнот што не се совпаѓа со стилот на којшто е научен светот, кога станува збор за модел на Ферари.

Електричниот Луче е тема на друштвените мрежи, а уште се нема појавено на улица. Успехот сепак се мери со продажбата, а Луче токму во тој поглед навестува дека може да биде голем успех во Кина.

Сите 88 предвидени примероци од Ферари Луче за Кина се продадени

Нарачките за електричното Ферари во Кина ќе започнат во текот на престојниот викенд. Тамошен медиум објави дека првиот контингент од 88 примероци од Луче е расподаден. Бројот 8 има голема симболика во земјата и се смета како среќен број, па дури и Порше своевремено разви модел што го означи Ц88.

Друг медиум, Пекинг Бизнис Тајмс, подоцна ја потврди информацијата и соопшти дека Ферари Пекинг продолжува да прима нарачки за моделот.

Според тоа, сите 88 примероци веќе си најдоа сопственик. Ферари е подготвен да ги зголеми испораките за Кина, доколку има побарувачка. Извршниот директор на Ферари, Бенедето Виња, по премиерата изјави дека постои голем интерес за автомобилот, вклучувајќи бројни нарачки.

Погон со 4 електромотори со 1.050 КС

Луче е првиот електричен модел на Ферари. Погонот се состои од четири електромотори што заедно произведуваат 1.050 КС. Техниката неоспорно е врв, дури и кога станува збор за елеткричниот погон. Негодувањата се насочени и кон внатрешноста, којашто го следи едноставниот стил на Епл. Постои и причина, затоа што во дизајнирањето на Луче учествуваше и поранешниот дизанјер на Епл, Џони Ајв. Критичарите споредуваат дека Луче личи на Нисан Лиф.

Брзо ќе се покаже колку навистина е голем интересот за електричното Ферари. Производителот од Маранело ќе ги соопшти точните бројки од продажбата, за време на денот за инвеститори, којшто ќе се одржи кон завршетокот на јули. Можно е Луче на некои пазари да биде повеќе интересен, отколку на другите.

Претходна објаваМерцедес-Бенц меѓу јахти и отмено живеење во шведска Аурора
Следна објаваСитроен има Тоник и за новиот Ц 3, во неговата електрична изведба

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here