Најбезбедносниот автомобил со нов стил: Mercedes-AMG GT R F1

Најбезбедносниот автомобил во светот со нов стил Mercedes-AMG GT R F1
Најбезбедносниот автомобил во светот со нов стил Mercedes-AMG GT R F1

Овој автомобил има специјална улога во мотоспортот. Во случај на незгода или при лоши временски услови, Mercedes-AMG излегува на патеката и безбедно ги води болидите во формула 1. Тоа не се сменило 25 години. Дури и возачот дваесет години наназад е истиот, тоа е Бернд Мајлендер, своевремено една од ѕвездите во ДТМ.

Шемата на бојадисување на безбедносниот автомобил во формула 1, во сребрена боја и со црни украси, исто така не е сменета. Но, во сезоната 2020 се сменија многу работи. Mercedes-AMG GT R со своите 585 КС од месецов ќе се појавува со нов изглед на тркачките патеки. Промените се во насока на кампањата во формула 1 насловена „WeRaceAsOne“. Пред задното тркало и на хаубата е изведен симбол на виножито.

При повторниот старт на формула 1 викендов во Австрија, кралицата на мотоспортот ќе го истористи поводот да им заблагодари на луѓето од целиот свет за истрајноста во борбата против корона-пандемијата. Спортот ќе го прикаже и своето единстгвено во борбата против расизнот и ќе ја потврди обврската да воспостави поголема еднаквост во формула 1.

Како знак за оваа обврска, симболот на виножито и хаштагот #WeRaceAsOne ќе биде прикажан на сите формула 1 болиди и по целата патека. Виножитото е избрано зашто тоа прерасна во симбол што се користи во светот за обединување на заедниците. На хаубата на безбедносниот автомобил се наоѓа и пораката „Drive safely“, како потсетување за тоа дека секогаш треба да се вози внимателно.

Во техниката нема промени. Моторот е 4,0 V8 битурбо, подвозјето е дотерано врвно, аеродинамиката користи активни системи. Уште едно обележје на безбедносниот автомобил се керамичките сопирачки. Mercedes-AMG GT R F1 е избран поради тоа што безбедносниот автомобил мора да биде доволно брз, за гумите на болидите во формула 1 да не се изладат премногу додека тој ја предводи колоната. Крајната брзина изнесува 318 km/h, а спринтот до теппо сто трае 3,6 секунди. На повик секогаш стои и Mercedes-AMG C 63 S T-Modell како болнички автомобил, за брзо укажување помош. Тој исто така ќе ги носи новите симболи.

https://www.instagram.com/p/CCIfIBwI8rZ/

https://www.instagram.com/p/CCI4r4ZDOqv/

Претходна објаваMitsubishi Eclipse Cross доби нови стилски додатоци
Следна објаваСега и моторите на BMW добија радарски темпомат

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here