Првиот електричен модел на спортската и ексклузивна марка на Мерцедес-Бенц ќе привлекува клиенти со возните својства и со полнењето што е побрзо отколку кај кој било друг електричен автомобил. Цените на Мерцедес-АМГ ГТ 4-Турер Купе се споредливи со моделите со бензински мотор.
Производителите на ексклузивни спортски автомобили досега не постигнаа поголем успех со своите електирчни модели. Порше повлече прв уште во 2019 година, со Тајкан. Но, продажните бројки, и покрај ветувачкиот старт и фејслифтот што се случи во меѓувреме, не ги постигнаа очекувањата. Во првото тромесечје се испорачани само 3.420 примероци од Тајкан, што е за 19 проценти под ланскиот резултат.
Тоа што ги обесхрабрува купувачите, да се решат за електричен автомобил во овој сегмент, е пред сé значителниот губиток на вредноста, Покрај тоа, традиционалната клиентела е порасната околу бензинските мотори. Кина е тежок пазар за освојување, затоа што локалните конкуренти, како на пример Шаоми, нудат солидна техника, по пониски цени.
Порше во меѓувреме се сврте повторно кон моторите со внатрешно согорување. Ферари, пак, планира во текот на летото да го пушти својот прв електричен автомобил, но интересот е слаб. Ламборгини целосно се откажа од планираниот електирчен автомобил. Така може да се стекне впечаток дека батериите и електричните автмобили не си одговараат едно со друго.
Но, Мерцедес-АМГ сака да ги смени работите. Тоа многупати досега му успевало на автомобилскиот пионер од Штутгарт.
Само неколку датуми, поврзани само околу револуциите во погонот:
- 1906 година – Мерцедес го конструира својот прв хибриден автомобил
- 1921 година – прв мотор со механички компресор
- 1936 година – Мерцедес-Бенц 260 Д е прв сериски автомобил со дизел мотор
- 1954 година – директно впрскување гориво во Мерцедес 300 СЛ
- 1997 година – прв дизел мотор со директно впрскување на горивото преку заеднички вод под висок притисок (комон-рејл, ЦДИ)
… - 2022 година – Студискиот електричен автомобил Вижн Е Ку Икс Икс прв минува 1.000 километри со едно полнење
АМГ, спортскиот огранок на Мерцедес-Бенз, сака да докаже дека на пазарот сепак има место за такви автомобили. Ола Калениус, шеф на концернот, во Лос Анџелес го претстави АМГ ГТ 4-Турер Купе, првиот целосно електричен болид на марката од Афалтербах.
Суперспортското купе со 4 врати е конструирано врз посебна платформа што се води како АМГ.ЕА. Врз истата платформа наскоро ќе биде пуштен СУВ, а потоа и кросовер. Калениус, кој своевремено беше шеф на АМГ, мошне емотивно зборува за моделот: „Многупати самиот го тестирав новиот АМГ ГТ 4-Турер Купе: Тој навистина е нешто посебно“, вели Швеѓанецот.
Инженерите искористија сé што технологијата може да го понуди како врв досега, односно важи како автомобил на границите на остварливото. За погонот се грижат три електромотори со аксијален флукс. Такви е-мотори првпат се користат во браншата и досесуваат револуција. Нив ги произведува Јаса во Англија, фирма што е во сопсвеност на Мерцедес-Бенц. Во комбинација со 800-волтната мрежа на возилото и батерија со високи перформанси, ГТ-то е вистинска тркачка машина.
Изведбата АМГ ГТ 63 4-Турер располага со 1.169 КС. Забрзувањето до темпо сто трае 2,1 секунди. За да падне втората стотка, минуваат само 6,4 секунди од поаѓањето. Електрониката го запира забрзувањето дури на темпо 300.
За седум денови извозени 40.000 километри
Забрзувањето до крајни граници може да се повторува колку што ќе се посака. Електричниот болид, покрај тоа што поставува нови мерила со возните перфоманси, сака да одушеви и со брзината на полнење. Со досегот од преку 700 километри и со можност да се полни со моќност до 600 киловати, за само десет минути на доволно силен полнач, ќе се наполни енергија за следните 460 километри пат.
Технолошката студија АМГ ГТ Икс Икс, од којашто директно е произлезен сегашниот АМГ ГТ 4-Турер, на едно тест возење мина преку 40.000 километри, за седум денови и 13 часови, притоа поставувајќи 25 рекорди на трка на долга патека.

Бидејќи електричните автомобили од една страна нудат забрзување што буквално остава без здив, тие од друга страна се критикувани поради тоа што им отсуствува душа и делуваат технократски. АМГ, затоа посегна по дузина трикови, за при возењето да се стекне впечаток како да работи Ве-8 мотор во возилото.
Кога ќе се префрли во начин на работа АМГ Форс С+, според Мерцедес се стекнува „најавтентична звучна бура што е препознатлива за Ве-8 на АМГ.“ На тоа се надоврзува и „хаптичко-имерзивно доживување“, а тоа значи дека се чувствува и физички и се доживува со сите сетила. Симулираните префрлувања од еден во друг степен се придружени со прекинување на влечната сила, исто како при притискање спојка за да се промени степен. Во доживувањето се вклучува и возачкиот дисплеј што пренесува чувство како да се вози Ве-8.
И за пат и за тркачка патека
Со програмата Рејс Енџинир, возачите можат возната динамика да ја приспособат по свој вкус. Со помош на интелигентна врска меѓу хардверот и софтверот може да се менуваат реакцијата на погонот, тракцијата и однесувањето во свијоци. Така може да се зголеми агилноста и возачкото искуство да се помести на ново рамниште. Подвозјето е поставено така што се овозможува најширок можен распон меѓу патен комфор и спортско возење на тркачка патека.
АМГ ГТ 4-Турер Купе е од судбинска важност за електричниот погон во Мерцедес. Точно е дека новите генерации електрични автомобили, како ЦЛА, ГЛБ и ГЛЦ, постигнуваат одлична продажба. Но, за класичните моделски икони со традиционален погон, каква што е Г-Класата, сцената досега не покажа големо одушевување. Поради тоа, Мерцедес-Бенц се реши во гамата на малечката изведба на Г-Класа, што е планирана за 2027 година, да додаде и верзија со мотори со внатрешно согорување.
Електричната Мерцедес Г-Класа во Мак Аутостар
„Најмоторно електрично возило“
Шефот за производство во Мерцедес, Михаел Шибе, кој на своето поранешно работно место како шеф на АМГ, беше надлежен за АМГ ГТ 4-Турер, сепак е убеден дека елетричниот ГТ ќе постигне успех. Тој е „најмоторниот електричен автомобил“, што Мерцедес го има произведено досега, изјави тој за медиумите за време на настанот.
Калениус цени дека тоа е „најдобриот Ве-8“ на АМГ. Шибе, пак, упатува на повратните информции од пазарот во САД, коишто отсекогаш биле важен пазар за АМГ. При тест-возење организирано за дилерите, тие реагираше одушевено и тврделе дека АМГ успеал да го пренесе својот ген во електричниот погон.
АМГ ГТ 4-Турер ќе се произведува во Зинделфинген, каде што се произведуваат С- и Е-Класата. Шибе очекува завидни бројки, кога сите три планирани електрични модели ќе бидат пуштени во продажба. Сцената реагира позитивно на возилото. Во САД е во тек голема рекламна кампања со актерската ѕвезда и амбасадорот на марката, Бред Пит, како и со возачот на Мерцедес во Формула 1, Џорџ Расел.
Бред Пит, Џорџ Расел, Лас Вегас, сé за премиерата на Мерцедес-АМГ ГТ со 4 врати
Клучна ќе биде и цената, што Мерцедес-АМГ ќе ја објави во следните неколку денови. Се очекува дека електричниот ГТ 4-Турер ќе чини исто колку претходната генерација со класичен погон. Во почетокот ќе бидат достапни АМГ ГТ 63 4-Турер Купе, чијшто бензински претходник во Германија чинеше 220.000 евра, и АМГ ГТ 55 4-Турер Купе, што во претходната бензинска генерација на моделот стартуваше од 130.000 евра.















