за

Овие модели на Мерцедес в година ќе слават триесетка

Тие се безмалку дел од уличното секојдневие и со тоа ја докажуваат долготрајноста на марката. Уште неколку модели на Мерцедес стануваат олдтајмери.

mercedes w 124 cabriolet

Мерцедес пред 30 години почна да ги произведува С-Класата од генерацијата В140 во освеженото издание, заедно со С 420 Купе, потоа Е 500 Лимитед, Е 60 АМГ и Е 200 кабриолет од легендарната серија 124. Меѓу моделите со историски предзнак ќе се најде и Ц 36 АМГ.

Сопствениците на историски автомобили во Германија уживаат посебни поволности. Висината на „штоерот“, данокот, не се одредува според емисијата на СО2, туку поволно се плаќа паушал од 190 евра на годишно ниво. Во спротивно, сопствениците би биле изложени на многу повисока такса. Осигурителите исто така имаат поволни тарифи, а на вредните историски сведоштва на тркала им се простуваат и бројни други пречекорувања на лимитите за емисија и слично.

Заљубениците во олдтајмерите, во случајов реално јангтајмери, ќе им се израдуваат на уште неколку модели на Мерцедес што од следната пролет ќе се водат како историски возила и ќе можат да добијат таблица што почнува со Х (за хисториш), заедно со сите поволности.

Како марка што е темел на целата сцена на олдтајмери, Мерцедес секоја пролет ја почнува сезоната организирајќи настан „Класика и Кафе“, пред музејот на марката во Штутгарт. Тогаш обично се изложуваат скапоцени примероци од музејот на марката со сребрената ѕвезда.

Сопствениците и заљубениците во историските автомобили секако не го пропуштаат овој настан и пристигаат со своите автомобили. Како најнови членови на отмениот клуб ќе се појават неколку модели на Мерцедес, чиешто производство е стартувано во 1994 година, значи пред три децении.

За автомобилите да се одржуваат во беспрекорна состојба, што е основен предуслов за добивање на престижната Х-таблица, секако дека заслуга има и богатото опслужување на сцената со оригинални резервни делови. Тоа е задача на Мерцедес-Бенц Класик, огранок што е задолжен за сé околу историските модели на марката.

Важни моделски серии и изведби на Мерцедес од следната година првпат ќе можат да возат со Х-таблици: В 124, 140 и 202.

Мерцедес-Бенц С-Класа од серијата 140 – лимузини и купеа

 

Првите примероци од оваа генерација на С-Класата веќе со години уживаат статус на класичари. Од следната година, тоа ќе важи и за освежената изведба на С-Класата. Таа ја доживеа својата премиера на салонот во Женева, во март 1994 година. Промените во изгледот беа направени со цел да се постигне поелегантна и подинамична појава, со нагласок на моќните пропорции на крстосувачот. Пред 30 години во Женева имаше премиера и С 420 Купе, како нова основна моделска изведба на луксузното купе.

Мерцедес-Бенц Е-Класа од серијата 124 – лимузини и кабриолети

Серијата 124 е омилена на сцената на олдтајмери, меѓу другото и поради тоа што може да се користи во секојдневието. Покрај лимузината, постои комби Т-Модел, како и кабриолет и купе. Важни моделски изведби ќе стекнат статус на олдтајмер в година. Меѓу нив, два се вистински деликатеси со 8-цилиндарец: Е 60 АМГ (381 КС) и Е 500 Лимитед, изработена во само 500 примероци, со 320 КС. Миленичка уште од тоа време е Е 200 Кабриолет. Таа почна да се продава во Германија во март 1994, иако моделот беше достапен за извозните пазари уште од јули 1993 година.

Мерцедес-Бенц Ц-Класа од серијата 202 – Ц 36 АМГ

Сериското производство на Ц 36 АМГ почна во јануари 1994 година. Премиерата беше неколку месеци претходно, на салонот во Франкфурт. Со моќниот 6-цилиндарец со 280 КС, лимузината постигна вистински успех, До 1997 година беа изработени 5.221 примерок.

Од премиерата на Е-Класа во Мак Аутостар

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што кажува Ауто Билд за тестот на Грејт Вол Веј 03, конкурент на БМВ Икс 3

Тројца авантуристи ќе се борат за гласови за наградата од Дефендер