за

Тројца авантуристи ќе се борат за гласови за наградата од Дефендер

Парична награда во висина од 20.000 евра и поврзување со марката Дефендер следи за еден од тројцата номинирани авантуристи што британската марка ги дава за пример.

Причината за Дефендер, некогаш модел, а по ново засебна марка покрај Рејнџ Ровер, Дискавери и Јагуар, да ги одликува најдобрите авантуристи во светски рамки е сосем јасна. Како возило што минало и ќе мине секаде, Дефендер е олицетворение на авантура.

Дефендер и Европската Тура на Филм во природа четврта година во низа го организираат настанот „Награда за авантурист на 21-от век“. Целта е да се издвојат и наградат авантуристите што со своите постигнувања даваат најдобар пример за јавноста. Намерата е да се даде инспирација, за да се надминат границите и да се постигне нешто исклучително, што ќе ги поведе другите.

Прогласувањето на тројцата номинирани авантуристи за освојување на наградата за 2024 година се одржа пред Дефендер 110 Плаг-ин Хибрид, со поставен шатор на покривот. Изборот на номинираната тројка не се раководи само според едно врвно достигнување, туку се следи целиот нивен животен пат, кој всушност и ги има доведено во состојба за тие да направат нешто исклучително. Секако дека Дефендер цели да го поврзе тоа со примерниот животен пат на иконската марка теренци.

Во рамките на филмската тура, што патем се одржува повеќе од 20 години, куси документарни филмови со тројцата номинирани авантуристи ќе бидат прикажани во повеќе од 300 градови ширум Европа. Потоа е на ред публиката да даде глас за својот фаворит, за заедно со гласовите од петчленото жири од стручни лица до 1-ви февруари 2024 година да се избере носителката или носителот на наградата.

Целата оваа моќна организација води кон една дополнителна, но можне важна активност на Дефендер, ако не е суптинска. Традиционалната британска марка организира обуки и необични патувања, од возење по мраз во Шведска, до возење во непознато низ Африка. Посебен вебсајт ја прикажува сета понуда од патешествија со и околу „најтеренската марка“ https://experience.landrover.co.uk/

Тројцата номинирани авантуристи за наградата на Дефендер и Европската Тура на Филм во природа за 2024 година:

Алпинистот Симон Моро среде зима се искачува на врв од преку 8.000 метри и води спасувачки тимови на висина од преку 6.000 метри. Италијанецот има развиено нова техника на тренинг и има добиено повеќе одликувања за истата. Симон има напишано 13 книги и учествуваше во изградба на болница и училиште во недостапните предели на Хималаите.

Иранската спортска научничка Насим Ешки го достигна светскиот врв меѓу спортистките и ширум светот има поставено повеќе од 80 нови патеки за искачување. Таа воедно се бори за правата на жените. Германското издание на Вог неодамна објави интервју во коешто Насим зборува за слободата, сигурноста, политиката и човечките права.

Едриличарот и климатски борец Борис Херман исполни сон од деството. Тој за 80 денови сам го обиколи светот, зад кормилото на Венди Глоуб 2021. Со тимот Малиција, Борис штотуку го обиколи светот во Океанската Трка, победи на две етапи, се пласираше на третото место и постави светски рекорд.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes w 124 cabriolet

Овие модели на Мерцедес в година ќе слават триесетка

Пари за зимски гуми нема, луксузниот отпад бара скапи гуми