Влезот во второто полугодие му донесе нов рекорд на Mercedes. Марката од Штутгарт во јули продаде 163.770 возила во светот, повеќе од кога било во историјата. Заслуга на E-Class и на „автомобилите од соништата“.
По најдоброто прво полугодие откако постои марката, Mercedes влегува со истото темпо во третиот квартал од годинава. Во јули 163.770 автомобили на Mercedes добија сопственик, што е за 9,4% повеќе отколку во истиот месец лани. Од почетокот на годинава низ светот се продадоа вкупно 1.170.389 возила на Mercedes (+11,7%).
Од почетокот на годинава се продадени над половина милион возила на европскиот пазар, како најголем регионален пазар на Mercedes. За растот од 12,3% до јули придонесоа најголемите пазари Велика Британија, Италија, Франција и Шпанија. По традиција, германскиот пазар учествува со дури една третина во европската продажба. Во Шпанија и Португалија, Mercedes беше најпродавана премиум марка во јули.
„Годината на класата E и на Dream Cars досега врви мошне успешно. Лимузината од новата класа Е наидува на одлична прифатеност кај купувачите. Од Dream Cars, во јули испорачавме околу 12.000 возила. Нашите нови модели ја зајакнуваат марката Mercedes-Benz и во исто време ја подмладуваат нашата палета од продукти.“
Ола Келениус, шеф на продажба на Mercedes-Benz Cars
Рекордна продажба донесе и регионот на Азија и Пацификот, со 57.260 возила во јули (+19,7%). Само на кинескиот пазар, како најголем единечен пазар за Mercedes, од почетокот на годинава се продадоа над 250.000 возила или за една третина повеќе отколку во ланското прво полугодие. Во Јапонија и Тајван, Mercedes го држи приматот во премиум сегментот.
Пазарите во САД, Канада и Мексико донесоа пораст од 5,4%, со 33.185 возила во јули. Mercedes го држи приматот во премиум сегментот и во САД и Канада. Растот во продажбата во голем дел се должи на новата класа Е.
Лимузината и комбито од класата Е се најпродавани модели на Mercedes во јули. Наскоро следува и пазарно воведување на верзијата од класата Е со продолжено меѓусокино растојание, развиена специјално за Кина – и произведувана локално. Целото семејство спортски теренци постигна нов рекорд во јули, со 56.297 примероци (+43,6%). Главен двигател на продажбата е GLC, кој постигна двојно зголемување во споредба со ланскиот јули.
„Автомобилите од соништата“ со 12.000 продадени примероци во јули
Во годината на Dream Cars, во јули се продадоа околу 12.000 купеа, родстер и кабриолети со сребрената ѕвезда (+19,6%). За овој исклучителен пораст се најзаслужни купето од класата С и кабриолетот од новата класа Ѕ.
Smart се надоврзува на успехот на матичната марка, со 13,8% пораст во продажбата во јули и над 10.000 испорачани возила. Моделите на Smart наидуваат на најголема популарност на пазарот во Кина, кадешто јулската продажба е трипати повисока во споредба со истиот месец лани.
Продажба на Mercedes-Benz Cars во јули
| Јули 2016 | Промена во % | До јули 2016 | Промена во % | |
| Mercedes-Benz | 163.770 | +9,4 | 1.170.389 | +11,7 |
| smart | 10.567 | +13,8 | 84.077 | +17,7 |
| Mercedes-Benz Cars | 174.337 | +9,6 | 1.254.466 | +12,1 |
| Продажба на Mercedes-Benz по региони / пазари | ||||
| Европа | 68.990 | +6,2 | 513.571 | +12,3 |
| – Германија | 24.543 | +1,5 | 167.299 | +6,9 |
| Азија / Пацифик | 57.260 | +19,7 | 403.480 | +21,4 |
| – Јапонија | 5.045 | +15,8 | 37.165 | +0,6 |
| – Кина | 37.277 | +26,2 | 257.276 | +32,0 |
| НАФТА | 33.185 | +5,4 | 222.697 | +0,9 |
| – САД | 28.523 | +3,6 | 191.300 | -0,6 |
















