Близу 200.000 возила продадени за еден месец, тоа е новиот рекорд на Mercedes во освојувачкиот поход за враќање на лидерството во премиум сегментот.
Mercedes во минатиот месец испорача 198.921 возила, што е за над осум проценти повеќе отколку во досегашниот рекорден месец. Бројката е уште поубедлива на ниво на првото тромесечје од годинава, со раст од 12,6 проценти и рекордни 483.487 продадени возила. Рекорди паѓаа и на регионално ниво, во Европа и во Азија. Mercedes во март беше најпродавана премиум марка на пазарите во Јапонија, Канада, Австралија, Тајван и Португалија. Smart исто така не заостанува и забележа нов рекорд. Според Ола Келениус, првиот човек во продажбата на Mercedes, на марката ѝ претстои уште поголем раст, со кабриолетот од C-Class и со GLC Coupé, како нови моделски изведби во понудата.

Во Европа се продадоа 97.748 примероци (+9,8%), од кои 28.316 на домашниот пазар. Двоцифрена стапка на пораст е постигната во Велика Британија, Италија, Шпанија, Белгија, Австрија, Шведска и Португалија. Во регионот на Азија и Пацификот, во март 63.888 купувачи се решиле за модел на Mercedes, додека само во Кина во третиот месец од годинава се продадени 38.133 возила, што претставува сензационален раст од 26,6 проценти. Во „америките“ се продале 32.856 возила, со 28.164 примероци за купувачите во САД. За Канаѓаните, Mercedes бил најчест избор на марка од премиум сегментот во март.
Наскоро следува и македонската премиера на новата класа Е
Кај моделите, нов рекорд има постигнато компактната гама, почнувајќи од класите A и B, преку CLA и CLA Shooting Brake до GLA, со 66.930 примероци во март и повеќе од 15.000 примероци за првите три месеци (+25,8%). Моделот од средната класа постигна над 40.000 продажби, со ново засилување од кабриолетот од класата C, како нов основен модел во понудата на кабриолети на Mercedes. Вистинскиот бум се очекува дури со претстојниот старт на продажбата на новата класа Е, чија комерцијализација во Германија следи веќе на 9-ти април, за само неколку денови подоцна да се појави и во Македонија. Имајќи го во предвид значењето на моделот за целата марка Mercedes, може однапред да се претпостави дека ќе следува уште еден голем спектакл при премиерата на моделот во Мак Аутостар.

Знаменосецот од класата S и натаму е неприкосновен лидер во високиот сегмент. Тоа што дава најголем поттик во продажбата сепак е обновената понуда од спортски теренци на Mercedes. Во март се продале 62.595 спортски теренци (+44,4%) од сите класи на Mercedes, што е уште еден рекорд. Интересот за нив бележи најголем раст во Кина, САД, Германија и Велика Британија.
„Малечката“ марка Smart не пропушти да се надоврзе на успехот и од моделите smart fortwo и des smart forfour во минатиот месец се продадоа 16.114 примероци (+34,5%). Уште еден рекорд? Да! Во Велика Британија и во Италија двојно се зголеми продажбата на smart. Пролетва претстои и стартот на кабриолетот.
Продажба на возила од марките Mercedes и smart во март
| март 2016 | % | До март | % | |
| Mercedes-Benz | 198.921 | +8,4 | 483.487 | +12,6 |
| smart | 16.114 | +34,5 | 35.453 | +23,3 |
| Mercedes-Benz Cars | 215.035 | +10,0 | 518.940 | +13,2 |
| Продажба по региони | ||||
| Европа | 97.748 | +9,8 | 210.586 | +12,4 |
| – Германија | 28.316 | +4,4 | 64.846 | +7,9 |
| Азија/Пацифик | 63.888 | +17,9 | 172.246 | +24,4 |
| – Јапонија | 8.168 | -9,3 | 17.601 | -6,3 |
| – Кина | 38.133 | +26,6 | 106.641 | +36,4 |
| НАФТА | 32.856 | -4,4 | 87.893 | -0,9 |
| – САД | 28.164 | -5,9 | 75.769 | -3,1 |
















