за ,

Mercedes единствена европска марка во светскиот Топ 10

Mercedes вреди 43,49 милијарди долари. Со последната процена на Interbrand, марката од Штутгарт е единствена европска марка меѓу десетте највредни во светот, со вредност зголемена за близу една петина.

Во актуелното рангирање „Best Global Brands 2016“ марката Mercedes е највредна автомобилска марка од премиум сегментот во светот. Како единствено претпријатие од Европа, марката со ѕвездата е на 9-то место на списокот од сто највредни марки во светот. Тоа е напредок за три места во споредба со минатата година, при што вредноста се зголеми за 18 проценти на 43,49 милијарди долари.

BMW со најмал раст во вредноста годинава, со само 12%, наспроти Audi со раст од 14% и Mercedes со 18 проценти повисока вредност отколку лани. Меѓу автомобилските марки, шампион во овој поглед е Nissan со 22 проценти, пред Mini и Porsche со 18 проценти, исто колку Mercedes.

Авторите на студијата го образложуваат масивниот раст на вредноста на Mercedes со тоа што марката успешно учествува во промените во автомобилската индустрија, како фирма којашто истовремено нуди возила, но и услуги за возачите. Како последен пример за тоа се наведува премиерата на електричната марка EQ на салонот во Париз. Спектарот покрива електрични возила и ѕидни полначи за струја, мобилни апликации преку дигиталната марка „Mercedes me“, па се до домашни акумулатори за електрична енергија.

Interbrand по 17-ти пат ја изработува годишната студија „Best Global Brands“. Според шефовите на водечките компании, студијата е конкуретнски бенчмарк за вредноста на светските марки. Највредна марка е Apple со 118 милијарди долари, пред Google со 133 и Coca-Cola со 73 милијарди долари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ова е најнеодоливиот електричен автомобил на салонот во Париз

Со новиот Audi Q5 пристига наследникот на бестселерот во сегментот