за

Mercedes го тестира кабриолетот од класата S

Класата Ѕ на Mercedes за прв пат по 1967 година ќе добие и кабриолет изведба, покрај лимузината и купето. Луксузниот кабриолет ќе им ги поремети сметките на Bentley & Co.

Кабриолет од класата Ѕ за последен пат излезе од фабриките на Mercedes во 1967 година. Швабите конечно решија да се вратат во трката со најпрестижните кабриолети на пазарот, кадешто заработката е голема, а купувачите не прашуваат за цена. Mercedes уште на салонот во Детроит во 2007 година најави дека размислува за враќање на големиот кабриолет, преку студијата Ocean Drive, со четири врати, четири седишта и платнен покрив. Сега за прв пат се појавуваат и фотографиите од прототипите на тестирање, уловени од „карпараците“, коишто потврдуваат дека наскоро ќе следува серискиот старт на отворената верзија на знаменосецот на Mercedes. Основата доаѓа од неодамна претставеното купе од класата S

Воведувањето на дополнителни верзии од класата Ѕ е дел од планот за враќање на Mercedes во најпрестижниот сегмент на пазарот, покрај Bentley, Rolls-Royce или Aston Martin. Шефовите во Штутгарт веќе одамна потврдија дека не планираат повторно заживување на марката Maybach, туку развој на уште попрестижни и полуксузни верзии од знаменосецот од класата Ѕ. Покрај купето и кабриолетот, коишто и ценовно се позиционирани многу повисоко од стандардната лимузина, Mercedes ќе ја збогати понудата на модели од класата Ѕ и со верзија со продолжено меѓуоскино растојаниево замена на Maybach, како и со уште повисоко позиционирана верзија со традиционалната ознака Pullmann.

Кабриолетот од класата Ѕ ќе ги има истите мотори како купето, што подразбира 4,7-литарски битурбо V8 со 455 КС, верзија S 63 AMG со 585 КС и S 65 AMG со битурбо V12 со 630 КС. Одредени моделски изведби ќе бидат достапни и во верзија со погон на сите тркала. Кабриолетот цели во сегментот каде што веќе подолго време царуваат Aston Martin Vanquish Volante, Bentley Continental GTC и Maserati GranCabrio. Премиерата на сериската верзија може да се очекува во следната есен, на салонот во Франкфурт, а продажбата би стартувала кон крајот на 2015 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Ford Mondeo за прв пат достапен и во хибридна верзија

Suzuki веќе 45 години прави автомобили што се разликуваат во масата