за

Mercedes ќе го лови Porsche 911 со наследникот на SLS AMG

Од крајот на следната година Mercedes поаѓа во лов на Porsche 911. Исто како со големиот брат SLS, новиот GT е дело на AMG. Но, и BMW треба да се загрижи.

Оваа марка вози под полна гас. Новиот GT, како замена за суперспортскиот SLS е најавен за крајот на 2014 и почетокот на 2015 година. Со долгата хауба и скусениот опаш, Mercedes GT покажува сличност со актуелниот SLS AMG, но за разлика од него ги нема скапите и комплицирани крилести врати. Во поглед на димензиите новакот ќе биде помал од SLS, но и значително полесен од него. Конструкцијата со носечка рамка од алуминиум останува непроменета, а Mercedes смета дека примената на карбон е прескапа и за овој автомобил.

mercedes gt 3

Во поглед на погонот нема компромиси: Мотор во средина, менувач со двојна спојка, погон назад со активен диференцијал и распределба на тежината 50:50. Моторите ќе имаат шест или осум цилиндри, со моќност меѓу 350 и 500 КС. Веќе е потврдена и ограничена серија Black Series, со преку 550 КС.

Цената на оснoвниот модел ќе изнесува околу 100.000 евра, што е 90.000 евра помалку од актуелниот SLS AMG. Со тоа, GT ќе цели директно на Porsche 911 Carrera S и GT3. Новиот модел воедно ќе го загрозува и евентуалниот наследник на легендарниот M1 или на родстерот Z8. Се планира и родстер верзија со ознака GTC.

mercedes gt 2

На Mercedes GT ќе му се придружат влезните модели во гамата на спортското одделение на марката од Штутгарт, А 45 AMG и CLA 45 AMG, кои со четирицилиндарците со турбонатполнење и 360 КС поаѓаат во лов на VW Golf R, BMW M 135i и Audi RS3.

До 2017 година, кога AMG ќе го одбележи 50-от роденден, спортската секција на Mercedes планира да ја зголеми продажбата на 30.000 возила годишно. Во оваа бројка ќе учествува и верзијата од AMG на Mercedes GLA, која што ќе доживее премиера на салонот во Франкфурт наесен.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кинезите меркаат за преземање три европски марки

Големо моделско освежување за Opel Insignia