за

Mercedes ја става Америка под напон

Mercedes в година ќе ја понуди класата В со погон на струја на американскиот пазар

По Smart и AMG SLS, третиот модел на Mercedes кој добива погон на струја е класата B. Америка ќе биде главен пазар за електричниот автомобил.

Изведбата на класата B со погон на струја доживеа премиера на салонот во Њујорк. Продажбата во САД почнува догодина, а подоцна моделот ќе биде достапен и во Европа. Во технички поглед, изведбата Electric Drive од класата B е иста со студијата од последниот салон во Париз. За погонот се грижи електромотор со 136 КС, кој возилото го забрзува до темпо 100 за помалку од 10 секунди. Крајната брзина е ограничена на 160 km/h, заради штедење на батериите.

Литиум јонските батерии се вградени во подот и во идеален случај дозволуваат класата B со погон на струја да вози до 200 километри со едно полнење. За два часа се постигнува 50-процентна наполнетост на батериите на американската струјна мрежа. Во изгледот нема разлики во споредба со стандардните модели. Цената на возилото ќе биде позната непосредно пред стартот на продажбата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест • Jeep Grand Cherokee 3.0 CRD Overland

Камионите на Volvo ќе возат на природен гас