за

Mercedes со милионска продажба веќе во јули

Повеќе од еден милион возила за само седум месеци. Тоа е нов рекорд за Mercedes. Од почетокот на годинава 1.048.178 автомобили со сребрената ѕвезда најдоа нов сопственик.

Моделите од класата C и серијата компактни модели придонесоа Mercedes да постигне рекордна продажба од еден милион возила за само седум месеци годинава. Само во јули се продадоа 149.753 возила со сребрената ѕвезда (+15,2%), односно 1.048.178 возила (+14,7%) во првите седум месеци од 2015 година. Секое четврто возило е од моделот од средната класа и од петчленото моделско семејство на база на класата А.

Пораст во европската продажба од дури 11,3 проценти до јули

Рекордна продажба е постигната и во Европа, со 457.468 возила (+11,3%), односно со 156.569 возила за домашниот пазар (+6,0%). Со последново, Mercedes воедно ја зацврсти својата позиција на најпродавана марка од премиум сегментот на германскиот пазар. На британскиот пазар, како втор најголем во Европа, во јули беше постигнат и рекорд во продажбата. САД, Канада и Мексико следуваат со 31.483 продадени возила во јули, од кои 27.526 се продадоа само во САД. Нов рекорд има и за продажбата во Азија и Пацификот, со 332.377 возила за седум месеци, што претставува зголемување од 23,5 проценти.

Јули беше одличен месец за продажбата на компактните модели на Mercedes, со 49.973 примероци од класите А, В, CLA, CLA Shooting Brake и GLA, при што најголем пораст во продажбата забележа CLA. Продажбата на лимузината и комбито од класата С во минатиот месец се зголеми а 83,1 проценти, на рекордна вредност од 36.287 примероци. На пазарот во Кина, пак, одлично минува класата Е. Тоа воедно е најголем пазар за моделот од вишата средна класа на Mercedes. Знаменосецот на марката, класата Ѕ, моментно го предводи пазарот на луксузни лимузини со 58.478 продедени примероци до јули.

Дури и класата G поставува рекорди во продажбата

Речиси не постои моделска серија што не поставува нови рекорди. Истото важи и за теренските модели, кои во јули забележаа пораст од 14,8 проценти, со 39.197 примероци. Нови рекорди имаат GLA и класата G, додека интересот за GLK останува на високо ниво и покрај претстојната замена со новата моделска генерација.

Марката со малечките возила продаде глобално 71.451 примерок од Smart од почетокот на годинава, со пораст од 50 проценти во Германија и Италија. Новиот Smart Fortwo моментно стартува со продажба во Кина, а од септември и во САД.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Swincar Spider: Половина пајак, половина автомобил

Рекорд на водородниот Hyundai: 2.383 километри за 24 часа