Во првото полугодие од 2013 марката со ѕвездата произведе 700.000 автомобили. Тоа е нов рекорд. Мошне е извесно дека и целата година ќе биде рекордна – повторно.
Минатата година беше рекордна за Mercedes, со 1,34 милион произведени автомобили. Во оваа година веќе може да следува нов рекорд. Доколку се задржи сегашната динамика на производството од 694.433 возила за првите шест месеци, до крајот на 2013 лесно може да се пречекори бројката од 1,4 милион возила, особено покрај фактот што понудата од модели се збогатува постојано и воведени се мери за подобрување на флексибилноста во производството.
Во јануари стартуваше производството на новата купе-лимузина CLA во унгарскиот Кечкемет, од март се произведува освежената генерација на лимузините и комбијата од класата Е во Зинделфинген, додека во Бремен се произведуваат купето и кабриолетот од истата класа, а во јуни почна да се произведува и новата класа Ѕ во фабриката во Зинделфинген.
За да се задоволи големата побарувачка, во оваа година се предвидени 21 дополнителни смени во фабриката во Раштат, од каде што излегуваат класите A и B. Во американската Таскалуза ќе се работат 10 недели, за зголемување на продукцијата на класата ML. Погоните за производство на мотори исто така работат под полна пареа. Во секој викенд од оваа година, работниците доаѓаа во дополнителни смени за да ги снабдат возилата со мотори, менувачи, оски и разни погонски компоненти.
Во текот на летните месеци продолжува производство без пауза. Ангажирани се 4.500 сезонски работници, како зајакнување додека дел од персоналот е на годишен одмор. Фабриката во Раштат се подготвува за почеток на производство на новиот GLA, чија премиера ја очекуваме во септември во Франкфурт, додека фабриките во Бремен, Таскалуза, Јужна Африка и Кина се во интензивни подготовки за новата класа C, која што ќе се појави в година.