Mercedes започнува со изградба на фабрика во Русија

Mercedes за првпат ќе произведува автомобили во Русија. Во новата фабрика во индустриската зона Есипово, оддалечена 40 километри северозападно од Москва, во иднина ќе се произведуваат неколку модели од спортските теренци на Mercedes, како и актуелната E-Class. За новата фабрика ќе бидат потрошени над 250 милиони евра. Првите возила ќе почнат да излегуваат од фабриката во 2019 година.

Новата фабрика за автомобили ќе располага со сите производствени процеси, од монтажа до лакирање на возилата. Планирано е вработување на над 1.000 лица. Дополнителни работни места се отвораат кај добавувачите и понудувачите на услужни дејности. На оддалеченост од околу 20 километри од планираната фабрика за автомобили, Daimler лани отвори голем центар за постпродажба којшто ќе го покрива целиот руски пазар.

За производството во Русија ќе биде задолжена новооснованата компанија Mercedes-Benz Manufacturing RUS (MBMR). Покрај Daimler AG, дел од компанијата е заедничката инвестиција Daimler Kamaz RUS (DK RUS). Германците соработуваат успешно со Kamaz уште од 2010 година, покривајќи го рускиот пазар за товарни возила. Daimler и Kamaz учествуваат со по 50% во DK RUS.

Претходна објаваАвтомобилите наскоро ќе го распознаваат нашето расположение
Следна објаваПред 125 години е патентиран дизел моторот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here