Mercedes го враќа купе-моделот во класата C

Во гамата на моделот од средната класа на Mercedes наскоро пристига третата каросериска изведба, покрај лимузината и комбито. Во Франкфурт ќе биде претставен купе-моделот од класата С.

Класата C на Mercedes наскоро ќе се појави и во каросериска изведба на купе. Спортскиот модел со две врати ќе биде претставен во септември, на салонот во Франкфурт, а продажбата ќе стартува непосредно пред завршетокот на годинава. Mercedes уште не ги има наведено цените на новиот модел, но како ориентација може да послужи актуелниот модел, кој во изведбата C-Coupe 180 со 1,6-литарски турбо-бензинец со 156 КС чини 35.400 евра, односно 1.670 евра повеќе од споредливиот лимузински модел на класата C.

Два сантиметри пониско и две засебни седишта назад

За спортскиот настап на третата каросериска изведба во гамата на моделот од средната класа, покрај дизајнот на каросеријата ќе се погрижи и подвозјето. Во споредба со лимузината, новото купе ќе биде за два сантиметра поблиску до асфалтот. Во скусениот заден дел ќе се вградуваат две засебни седишта со зајакнати контури, а за првпат во класата С ќе се користат и држачи на безбедносните ремени што преку електромотор се приближуваат кон патниците на предните седишта.

Најсилниот модел во гамата на актуелното купе е C63 AMG со 467 КС и цена од преку 80.000 евра. На сликата е ексклузивната изведба Black Series
Најсилниот модел во гамата на актуелното купе е C63 AMG со 467 КС и цена од преку 80.000 евра. На сликата е ексклузивната изведба Black Series

Понудата од мотори во почетоко ќе ја сочинуваат два дизела и пет бензински мотори, со 156 КС од 1,6-литарскиот турбо-бензинец во основната изведба. Од спортското одделение Mercedes-AMG се планира изведба C450, со 367 КС, како и екстремен спортски модел C63, чијашто моќност би требало да достигне 510 КС. Купето е третата каросериска изведба во гамата на класата С, покрај класичната лимузина и комбито со традиционална ознака Model T. Врз основа на купето наскоро ќе следува и кабриолет изведба. Врвот во понудата на актуелниот C-Coupe го претставува изведбата 63 AMG со 457 КС и цена од 80.140 евра.

Претходна објаваТест: Ford Focus 1.6 TDCi Titanium
Следна објаваНовиот Audi Q7 претставен на врвот на Водно

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here