за ,

Mercedes ги објави македонските цени за новиот GLA: Старт од 29.590 евра

Првиот голем новитет на македонскиот пазар за 2014 година уште од старт ѝ задава удар на конкуренцијата. Mercedes GLA е 2.500 евра поевтин од Audi Q3.

Компактниот теренец на Mercedes требаше да биде големо изненадување уште со појавувањето на македонскиот пазар, но кај увозникот Макауто Стар се чини дека изненадувањата секогаш одат во пакет. 13C788_097Моделот што им конкурира на Audi Q3 и BMW X1, во ценовникот на Mercedes за 2014 година се појавува со цена од 25.690 евра за моделот со 1,6-литарски бензинец со 156 КС и со опременост што во традицијата на марката со сребрената ѕвезда не отстапува од спецификацијата на моделот за западноевропскиот пазар. Со оваа цена Mercedes GLA е за најмалку 2.650 евра поевтин од конкурентите во премиум сегментот.

Дијапазонот на цени на Mercedes на македонскиот пазар се движи меѓу 23.120 евра за A 180 со 122 КС и 298.810 евра за SL 65 AMG со 630 КС

Покрај основниот бензинец, моделската понуда во почетокот од комерцијализацијата на GLK ги вклучува уште дволитарскиот турбобензинец со 211 КС за 36.760 евра и дизелите GLA 200 CDI и 220 CDI, соодветно со моќност од 136 и 170 КС и цена од 32.480 евра и 37.190 евра. Сите верзии на компактниот теренец на база на класата А, со исклучок на GLA 200 кој се нуди само со преден погон, достапни се и со погон на сите тркала, што чини 39.640 евра кај GLA 250 4Matic, 36.840 кај GLA 200 CDI 4Matic (вклучувајќи менувач со двојна спојка 7G DCT) и 39.980 евра кај GLA 220 CDI 4Matic. Посилната бензинска и дизелска верзија сериски возат со седумстепен менувач со двојна спојка 7G DCT во обете погонски конфигурации.

Модел

Зафатнина на мотор

Моќност

Цена во евра

GLA 200

1,6 л.

156 КС

29.590

GLA 250 7G DCT

2,0 л.

211 КС

36.760

GLA 250 4Matic 7G DCT

2,0 л.

211 КС

39.640

GLA 200 CDI

1,8 л.

136 КС

32.480

GLA 200 CDI 4Matic 7G DCT

1,8 л.

136 КС

36.840

GLA 200 CDI

2,1 л.

170 КС

37.190

GLA 200 CDI 4Matic 7G DCT

2,1 л.

170 КС

39.980

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Заушка за Volvo & Co: Најбезбедниот автомобил доаѓа од Кина

Чешката влада лобира за фабрика на Tesla Motors