Mercedes воведува нова генерација дизели во класата Е

„Чудесниот мотор“ што вградуваше во сите модели на Mercedes, од класата А до доставниот Sprinter, доби замена. Новиот дизел е посилен и троши помалку, а постигнува и уште неколку чуда.

Најпроизведуваниот дизел мотор на сите времиња на Mercedes доби замена со нова генерација. На местото на стариот OM 651, а тоа значи во сите можни моделски серии од најмалата класа А до знаменосецот од класата S, марката од Штутгарт отсега ќе го вградува новиот OM 654. Развојот траеше четири години, моторот има модуларна конструкција и подготвен е натамошно воведување на новите технологии со коишто располага марката. Прв модел што ќе го добие новиот четирицилиндарски дизел е новата генерација на класата Е.

Цели осум децении искуство со дизел моторите стојат зад сребрената ѕвезда. Затоа, кога Mercedes тврди дека новиот дизел е поштедлив, посилен, полесен и покомпактен, зад тоа секако не стојат само „козметички“ зафати што треба само да се спомнат во рекламни цели. Развојот на новиот мотор воедно потврдува дека Mercedes не планира да се откаже од дизелот, во време кога електрификацијата на погонската спрега е во најголемиот ек досега.

Вака се менуваше соодносот меѓу моќноста и потрошувачката од првиот дизел на Mercedes пред 80 години
Вака се менуваше соодносот меѓу моќноста и потрошувачката од првиот дизел на Mercedes пред 80 години

OM 654 располага со 195 место 170 КС и троши 13 проценти помалку гориво од претходникот што од премиерата во 2008 година досега стана најпроизведуван мотор во историјата на Mercedes. По премиерата во E 220 d напролет, четирицилиндарскиот дизел понатаму ќе се нуди во повеќе верзии на моќност и во повеќе модели, вклучувајќи ги и верзиите со преден погон, односно и во сите моделски изведби на база на класите А и B.

Споредба на новиот OM654 со претходникот

Мотор 220d
OM654
220 d
(OM 651)
Цилиндри 4
Вентили по цилиндар 4
Зафатнина [cm³] 1950 2143
Растојание меѓу цилиндри [mm] 90 94
Пречник на цилиндар [mm] 82 83
Од на цилиндар [mm] 92,3 99
Должина на клипница [mm] 140 144
Моќност во КС 195 170
при 1/min 3800 3000-4200
Вртежен момент [Nm] 400 400
при 1/min 1600-2400 1400-2800
Моќност по литар [kW/l] 72 58,3
Компресија [:1] 15,5 16,2
Издувна норма EU6 EU6
Тежина на мотор (kg, според DIN) 168 199

 

Првиот целосно алуминиумски четирицилиндарец на марката тежи 168,4 килограми и со тоа е за 35,4 килограми (-17%) полесен од претходникот, што според Mercedes е рекорд во оваа класа на моќност. Заедно со помошните агрегати, тежината е намалена за дури 46 килограми и тоа секако влијае значително и врз возните својства и врз потрошувачката. Тоа се постигна со намалување на зафатнината, преоѓање од двостепено на едностепено турбонатполнење, со алуминиумски блок и пластични држачи на моторот.

 

Mercedes-Benz Vierzylinder Premium-Diesel, OM 654, 2016MercedСкусувањето на растојанието меѓу цилиндрите придонесе за намалување на должината на блокот, додека со промената на зафатнината и со преоѓањето на „волшебната формула“ со 500 сантиметри кубни зафатнина по цилиндар се постигна оптимумот во поглед на согорувањето и триењето. За намалување на висината, погонот на брегастите вратила се наоѓа назад, исто како кај претходникот, а од левата страна се наоѓа и пумпата за гориво, со погон преку синџир. Во исто време и моторот е вграден пониско, благодарение на  преместувањето на балансирачките вратила лево и десно од блокот, место под него.

Иновативна е комбинацијата од алуминиумски блок и челични клипови. Челикот се шири помалку при топлина, полошо ја спроведува топлината и е потежок, поради што досега се користеа алуминиумски клипови. Но, инженерите ги претворија овие недостатоци во предности. Поради помалото ширење на челикот при загревањето на моторот се постигнува поголем зјај меѓу клиповите и кошулките, со што триењето се намалува и до половина. Во исто време, челикот овозможува клиповите да бидат помали, а со тоа и полесни. Ниските клипови овозможија и примена на подолги клипници, со должина од 154 милиметри. На тој начин страничните сили што дејствуваат врз кошулките се намалија и до 75 проценти.

Mercedes-Benz Vierzylinder Premium-Diesel, OM 654, 2016Merced

Најголемата иновација е сепак во формата на челото на клиповите. OM 654 е прв автомобилски дизел мотор што ја користи иновативната форма на челото на клипот, чија што функција е да го подобри процесот на согорувањето, термичкото оптоварување на критичните подрачја од клиповите и доспевањето на гарежот во моторното масло. Во споредба со досега користените „омега“ клипови се забрзува согорувањето, а со тоа се подобрува и ефикасноста. На крај, намалена е и емисијата на несогорливи честички.

Во поглед на строгите норми за издувни гасови, исто така се извршени значајни модификации. Издувните гасови од турбополначот прво доспеваат до оксидацискиот катализатор, за потоа да се измешаат со течноста AdBlue во посебен канал кој придонесува течноста по најкус пат да испари во струјата од издувни гасови и рамномерно да се распредели по површинината на филтерот за честички чад. По овој филтер следи SCR-катализатор (селективна каталитичка редукција) за намалување на количината на азотни оксиди.

Претходна објава„Безпилотско“ Audi за филмските ѕвезди на Берлинале
Следна објаваСпортската марка Alpine се враќа на сцена

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here