McLaren подготвува конкурент за Porsche 911 Turbo

Брзата марка од островот развива трета моделска серија, покрај MP4-12C и суперболидот P1. Со најмалку 500 КС, идниот модел ќе му се спротивстави на 911 Turbo.

Британците подготвуваат трета моделска серија во својата понуда. Најевтиниот модел во понудата се развива под кодната ознака P13 и моментно ги привршува тестирањата во отворен сообраќај маскиран во каросеријата на поголемиот брат MP4-12C. Како што најавуваат од McLaren, целта е да се понуди модел што ќе му се спротивстави на Porsche 911 Turbo со моќноста и со цената. Новакот би требало да чини нешто помалку од 200.000 евра, а пазарниот старт може да биде најрано кон крајот на следната година.

mclaren p13-30-1

Официјалните податоци за моќноста на моторот уште отсуствуваат, но сосема е сигурно дека станува збор за средишно поставен мотор, исто како кај MP4-12C. Осумцилиндарецот со битурбо натполнење од 12C нема да се користи во P13/30, но можно е трилитарецот да се искористи како основа за поевтиниот модел. Конкурентот Porsche 911 Turbo располага со моќност од 560 КС.

Претходна објаваНов Qashqai излегува на секои 60 секунди
Следна објаваНајдобар избор на користени возила во класата на малечките

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here