Големо име влегува во битка со големите тркачи во класата на спортските автомобили. Со McLaren 570S, британскиот „производител на формула 1“ за првпат се вмешува меѓу поприземните спортисти.
McLaren го додаде и третиот модел во својата понуда. Како претставник на новата спортска серија на McLaren, 570S Coupe ги носи гените на поголемите браќа 650S и P1, од супер, односно ултимативната серија, користејќи технологија и дизајн што се произлезени од мотоспортот. Како што посочува и ознаката, моторот располага со моќност од 570 КС, со што 570S забрзува до сто за 3,2 секунди, до 200 km/h за 9,5 секунди и постигнува крајна брзина од 328 km/h.
Три моделски серии на McLaren: Спортска – 570S, Супер – 650Ѕ, Ултимативна – P1
Купето е првата каросериска изведба во новата спортска серија и доаѓа со неколку иновации во дизајнот. „Собраната“ форма на каросеријата, како што ја нарекува McLaren, ќе биде прикажана премиерно на салонот во Њујорк, на 1-ви април. Дизајнерскиот тим на McLaren додаде перки на задниот капак коишто го зголемуваат потисокот, а се забележуваат и комплексни аероканали во вратите со коишто дополнителна доза свеж воздух се носи до средишно вградениот мотор V8.
Спортската серија ќе го користи познатиот 3,8-литарски V8 со битурбо натполнење, со 30 проценти од компонентите преработени посебно за 570S. Моторот со интерна ознака M838TE постигнува моќност од 570 КС при 7.400 вртежи и вртежен момент од 600 њутмнетри во подрачјето од 5.000 до 6.500 вртежи. Силата се пренесува на задните тркала преку седумстепен менувач со двојна спојка. Композитните сопирачки се стандард, гумите се Pirelli P Zero Corsa со димензија 225/35 R19 напред и 285/35 R20 назад.
Уникатната карбонска школка е преработена за да се добие поголема практичност во секојдневието и овозможува полесен пристап и излегување од кабината. Карбонот овозможува екстремна цврстина при тежина на школката од помалку од 80 килограми. Заедно со примената на алуминиум за изработка на каросеријата, тоа овозможува 570S да тежи само 1.313 килограми, односно дури 150 килограми помалку од најблискиот конкурент.
Технички податоци · McLAREN 570S
Перформанси
0-100 km/h 3.2 s
0-200 km/h 9.5 s
Крајна брзина 328 km/h
Мотор и погон
Вид на мотор V8 Twin Turbo / 3799 ccm
Моќност 570 КС при 7,400/min
Вртежен момент 600 Nm при 5,000-6,500/min
Менувач 7-степен со двојна спојка
Потрошувачка 9.22 L/100 km
Димензии и тежини
Празно возило 1.313 kg
Распределба на тежина 42 / 58
Должина 4.530 mm
Ширина 2.095 mm
Висина 1.202 mm