за

McLaren 570S: Британскиот тркач е поевтин од Porsche 911 Turbo S

McLaren ги објави цените за новиот основен модел во понудата. Наскоро ќе следи и уште поевтината верзија 540C. Изненадувачки е тоа што ексклузивниот McLaren е поевтин од повеќето култни модели во сегментот.

Новиот основен модел на британскиот специјалист имаше премиера на салонот во Њујорк. McLaren 570S извлекува 570 КС и 600 њутнметри од 3,8-литарскиот битурбо V8. Со тежината од 1.313 килограми, тој е еден од најлесните модели во сегментот. Моќта од моторот се пренесува на задната оска прекус едумстепен менувач со двојна спојка. Забрзувањето до сто трае 3,2 секунди, до 200 km/h за 9,5 секунди, а крајната брзина изнесува 328 km/h.

Британската куќа со големо име во кралицата на мотоспортот ја објави и цената за 570S, како основа на „спортската серија“. На германскиот пазар, McLaren се продава за 182.000 евра, со што е за добри 50.000 евра поевтин од поголемиот брат 650S. Директната конкуренција на моделот доаѓа првенствено од германските марки. Porsche 911 Turbo S располага со 560 КС и 750 њунтметри, а цената му изнесува 197.000 евра. Налето пристига и втората генерација на Audi R8, со цена од 187.000 евра за врвната верзија R8 V10 Plus со 5,2-литарски атмосферски V10, со моќност од 610 КС и вртежен момент од 560 њутмнетри.

Наскоро следува уште „поевтина“ верзија 540C

McLaren исто така потврди дека во спортската серија ќе го додаде и моделот 540C, како поедноставена и поевтина верзија на 570S. Премиерата е закажана за салонот во Шангај од 22-ри април. Моделот е наменет првенствено за азискиот пазар, но сосема е извесно дека тој ќе се нуди и во Европа. Цената на 540C ќе изнесува 160.000 евра, што исто така е поевтино од Porsche 911 Turbo со 510 КС и „стандардната“ верзија на Audi R8 со 540 КС.

Со претставувањето на новата „спортска серија“ и со моделот 570S како прв член во серијата, McLaren сега располага со вкупно три серии. Во „супер серијата“ е позициониран моделот 650S и неговите идни деривати, додека врвниот модел P1 е дел од „Ултимативната серија“. Точниот датум на почетокот на продажбата на 570S уште не се открива. McLaren само соопшти дека продажбата ќе стартува во текот на годинава. Спортската серија во 2016 година ќе биде надополнета со модел GT со попросторна и попрактична кабина, а една година подоцна ќе следува и отворена верзија Spider.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model S 70D: Отсега со батерија за 400 километри

Skoda Fabia против Opel Corsa: Која е подобар избор?