за

Mazzanti е новата суперспортска марка од Италија

Италија и светот добија нова марка суперспортски автомобили. Принцот Алберт прв го откри пред светот моделот Evantra V8 на марката Mazzanti Automobili на салонот за богатите во Монако.

Само бројките заслужуваат почит. 701 КС, забрзување до стотка за 3,2 секунди и дизајн кој ги преточува овие бројки во каросеријата. Долго време се чекаше фирмата Faralli & Mazanti да го претстави суперспорткиот автомобил и сега дојде тој момент. Скапоцениот тркач со висина од 1,23 метар и тежина од 1,2 тон функционира со седумлитарски мотор V8, кој ја постигнува импресивната моќ без турбонатполнење. Крајната брзина е ограничена на 350 километри на час.

 

-Bffm6uVJfOuMUanLw0bE9Gxjz1l12sOLc0iTlWyXPoИмето Evantra доаѓа од етрурскиот јазик и значи Бог на бесмртноста. Основачот на фирмата Лука Маѕанти и дизајнерот Жолт Тарнок сакаа дизајнот на автомобилот да биде комбинација од класиката и модерното. Тоа се воочува по заоблените страници кои завршуваат во опаш со спортски пропорции и остри линии, во комбинација со крилести врати кои се отвораат наназад. Сината боја на кожата во кабината е комбинирана со детали како копче за стартување во трите бои на Италија. Mazzanti почна со работа на првите примероци од Evantra V8, но тоа ќе бидат и последните. Целата серија ќе биде ексклузивна, со само пет примероци. Цената изнесува околу 700.000 евра.

[nggallery id=33]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW со профит од 1,3 милијарда евра

Новиот Mercedes од класата C доаѓа в година