Mazda2 е автомобил на годината во Јапонија

Во тесна битка со класата C на Mercedes, новиот модел на Јапонците ја понесе титулата во својата матична земја. Вторпат во три години Mazda победува во изборот на автомобил на годината.

Во тесна битка со само 19 гласови разлика пред второпласираната класа С на Mercedes, новата Mazda2 се избори за титулата на автомобил на годината во Јапонија. Mazda2 освои 423 гласови од експертското жири, додека Mercedes на крајот освои 404 гласови. Тоа е уште еден поттик за натамошно усовршување на сеопфатната технологија Skyactiv, откако компактниот теренец Mazda CX-5 пред две години исто така ја понесе титулата на автомобил на годината.

Mazda Demio, како што гласи моделското име на јапонскиот пазар, доби максимални 10 гласови од 22-ца од вкупно 59 членови на жирито, додека класата С успеа да извлече максимум гласови кај 18 членови. Секој член на жирито располага со 25 гласови, со тоа што мора да даде 10 гласови за најдобриот автомобил, а останатите 15 гласови треба да ги распредели на четирите следни најдобри автомобили.

Електричниот автомобил BMW i3 исто така се пласираше високо на третото место со 340 гласови, додека Subaru Levorg (124) и Suzuki Hustler (65) ја комплетираа победничката петорка. Во трите споредни категории во изборот победија BMW i3 како најиновативен автомобил на годината, Honda N-WGN е најдобар малечок автомобил, додека наградата за „Специјално достигнување“ припадна на развојот на возила со погон на водорот на Toyota.

Претходна објаваНовиот BMW X6: Трите различни улоги на купе-теренецот
Следна објаваToyota произведе 9 милиони возила во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here