за

Mazda MX-5 повторно ќе урива рекорди

Mazda MX-5 веќе е најпродаван родстер на светот, ја држи и најдолгата парада на возила од марката, а веќе најавува повторно соборување рекорди. Најдолгата парада ќе стане уште подолга.

Најпродаваниот родстер на сите времиња ќе направи обид да се впише одново во Гинисовите рекорди на 15-ти јуни, во холандскиот Лелистат. Настанот под име Imax-5 2013 има цел да собере колку е можно повеќе сопственици на MX-5 во колона и да се собори рекордот од 2010 година, кога во германскиот Есен беа наредени во колона 459 примероци од родстерот.

Во 2010 година во Есен се собраа 459 примероци од родстерот. Тоа беше вредно за светски рекорд. Трпението заврши, рекорд ќе се поставува одново во Холандија
Во 2010 година во Есен се собраа 459 примероци од родстерот. Тоа беше вредно за светски рекорд. Трпението заврши, рекорд ќе се поставува одново во Холандија

Mazda очекува на собирот во Холандија да пристигнат околу 800 сопственици на MX-5. Во 4:30 часот попладне, колоната ќе појде на 15-километарска рута низ холандските рамници, за рекордот да се потврди официјално. Како атракција на учесниците ќе им биде понудена можност да ги возат моделите на Mazda со новите мотори Skyactiv, како и да ја искусат функционалноста на безбедносниот систем i-Activsense. За да обезбеди присуство на сопствениците на MX-5, Mazda ќе понуди и можност за тестирање на возачките способности на врвни симулатори, за покажување на бина на највпечатливите примероци на родстерот, како и бесплатна проверка на возилото. Највредното на крај: Возење со тест возач во Mazda MaX5 Cup и Mazda3 20B.

Дваесеттиот роденден на Mazda MX-5 се прославуваше во Јапонија
Дваесеттиот роденден на Mazda MX-5 се прославуваше во Јапонија

Во 24-годишната историја, Mazda MX-5 се продаде во близу еден милион примероци. Во чест на култниот родстер досега беа организирани манифестации за одбележување на 500.000-то, 700.000-то и 900.000-то произведено возило, како и на 20-от роденден.

Заинтересираните сопственици на MX-5 можат да се пријават на www.imax-5.nl. Во партиципацијата од 30 евра за возило и две лица е вклучено топол оброк и два пијалока по лице. Учеството е ограничено на 800 возила, исклучиво MX-5, само по претходна пријава.

Официјалната програма на Imax-5 2013:

 

  • 12.00 – 14.00 час: Отворање на рампата, регистрација
  • 14.00 – 15.30 час: Затворање на рампата, почеток на активностите
  • 15.30 – 16.00 час: Демо возење на Ribank MaX5 Cup cars и Mazda3 20B
  • 16.00 – 16.30 час: Активности и подготовка за светскиот рекорд за MX-5
  • 16.30 – 17.30 час: Обид за поставување нов Гинисов рекорд
  • 17.30 – 20.00 час: Активности и вечера
  • 20.00 – 22.00 час: Авто кино
  • 22.00 крај на програмата

IMAX-5_Event_2013_Logo_1

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Првиот автомобил развиен специјално за Африка е … камион

Alfa Romeo е официјален партнер на патеката Монца