за

Mazda ќе произведува и мотори во Мексико

Покрај моделите Mazda2 и Mazda3, во новата фабрика во Мексико ќе се произведуваат и мотори. Во погоните вредни 90 милиони евра годишно ќе се произведуваат 230.000 мотори од генерацијата Skyactiv.

Од крајот на март 2014, јапонската марка ќе почне до производство на 230.000 примероци од моделите Mazda2 и Mazda3 во Мексико, кои што ќе се продаваат на американските пазари. Со овој потег Mazda се заштитува и од евентуалните промени на вредноста на курсот. Во почетокот на годинава Mazda најави дека планира зголемување на капацитетот на новата фанрика во Мексико, што сега се потврдува со инвестицијата од дополнителни 90 милиони евра во новите погони за производство на мотори, како дел од стратегијата за глобално зајакнување на марката.

Марката очекува дека до крајот на 2016 фискална година ќе постигне годишна продукција од 1,7 милион возила, од кои 80 проценти ќе користат мотори од новата генерација Skyactiv. Овие мотори, освен во фабриката во Хирошима, моментно се произведуваат и во Changan Ford Mazda Engine во Кина.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Комбито од Honda Civic се враќа по две децении

Градски автобуси во Јужна Кореја возат на струја