за

Илон Маск и експерти бараат да подзабави развојот на вештачката интелигенција

Брзиот развој на вештачката интелигенција загрижува многу луѓе. Повеќе од 1.000 експерти бараат од инженерите да направат пауза. Меѓу нив се наоѓа и Илон Маск.

Илон Маск со години предупредува за опасностите од вештачката интелигенција. Тој цени дека тоа е најголемата закана за човештвото и вели дека е поопасно од нуклеарно оружје.

Компанијата Opel AI, чијшто соосновач е токму Маск, штотуку поттикна уште позабрзан развој на вештачката интелигенција, со претставувањето на Chatbot GPT. Гугл и останатите светски моќници се предизвикани да го направат уште еден чекор понапред и да ја вратат предноста во развојот на технологијата.

Маск и низа експерти, во отворено писмо бараат да престане развојот на моќни системи со вештачка интелигенција, барем во траење од шест месеци. За тоа време ќе се развиваат безбедносни стандарди, со коишто вештачката интелигенција ќе може да се држи под контрола.

Во случај компаниите да не го прифатат повикот доброволно, потписниците на петицијата ќе бараат да се вмешаат државите. Покрај Илон Маск, на списокот се наоѓа и соосновачот на Apple, Стив Возниак, авторот Јувал Ноа Харири, како и бројни експертки и експерти од подрачјето на вештачката интелигенција, меѓу кои пионерите Стјуарт Расел, Гери Маркус и Јошуа Бенгио.

Примена на вештачката интелигенција во автомобилите

Вештачката интелигенција досега се користи во автомобилското подрачје главно во системите за автономно возење. Тука спаѓа и оспоруваниот систем за асистенција во возилата на Tesla, којшто се води под името „Autopilot“.

Покрај тоа, постојат напредни инфо-забавни системи, коишто преку повторување на командите можат да научат која е омилената музика на возачките и возачите, и кој пат во кое време од денот се минува најчесто со возилото. Во иднина, KI ќе игра с’e поголема улога и во производството, како и во останатите подрачја во компаниите.

https://youtu.be/–khbXchTeE

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Британски таксисти: 45.500 милји годишно и 5.750 патници

Фатени без вињета во Австрија: Најчестите изговори на возачите