за

Британски таксисти: 45.500 милји годишно и 5.750 патници

Истражување меѓу таксистите во повеќе градови во Обединетото Кралство открива дека тие ја обожуваат својата работа и се радуваат запознавајќи нови луѓе.

Просечен такси возач во Обединетото Кралство превезува 5.750 патници годишно и слуша 13.250 песни на радио, додека за една година минува 46.500 милји возејќи патници.

Една третина од таксистите (35%) кажуваат дека ја обожуваат својата работа, а 37 проценти ценат дека таа е „многу исплатлива“. Само два проценти не го сакаат своето работно место.

Тоа што најмногу им причинува задоволство на таксистите е запознавање нови луѓе (63%), флексибилно работно време (24%) и слободата да не мора цел ден да се гледа во екран (22%).

Истражувањето во коешто учествуваа 250 возачи понатаму открива дека тие со својата работа посетиле 17 различни градови, како и дека дневно во просек пијат по пет шолји чај – што е 1.170 шолји за една година.

Возачите морале да се соочат и со агресивни патници, што во просек се случувало 21 пати годишно, односно речиси на секои две недели.

Повеќе од половината (52%) имале случај кога патниците се обиделе да побегнат и да не платат за превоз, додека 56% имале проблеми со пијани патници и со патници што правеле неред во автомобилот.

Една третина од таксистите кажуваат дека ја обожуваат својата работа, којашто на две третини од возачите им овозможува да запознаат нови луѓе

Од осигурителната компанија Zego, којашто е покровител на истражувањето, кажуваат дека „таксистите од повеќе гледишта се ‘рбетот на Британија“. Првата услуга да се најми кочија за превоз е регистрирана во Лондон во 1605 година.

Само 6% од возачите планираат да преминат на електричен погон во следните две години. Иако повеќето патници го користат превозот да се вратат дома по вечерно излегување, сепак повеќето возачи работат дење (34%), место ноќе (14%).

Повеќе од половината (52%) избираат работа и ноќе и дење. За 54% од испитаниците, возењето до нови одредишта им претставува најголемо уживање во работата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Porsche Driver Experience го има своето деби во Cayenne

Илон Маск и експерти бараат да подзабави развојот на вештачката интелигенција