за

Maserati Levante: Наидуваат тешки денови за Porsche Cayenne

Ако некоја од суперспортските марки од Италија може без наштетување на имиџот да додаде спортски теренец во понудата, тоа е Maserati. В година доаѓа Levante, во чест на јубилејот на марката.

На последниот салон во Франкфурт пред две години, Италијанците излегоа со студијата на спортски теренец Kubang. Според завршеноста на дизајнот можеше уште веднаш да се заклучи дека студијата за скоро време ќе прерасне во сериски автомобил. Студијата Kubang од следната година ќе биде сериски модел Levante, со име кое што се повикува на улицата Via Emilia Levante во Болоња, каде што браќата Масерати пред еден век ја создадоа компанијата што сé уште го носи нивното име.

_FR10467 (Small)

Со здружувањето на Fiat и Chrysler, Италијанците имаат достапност до платформите на Jeep. Levante може да ја користи платформата на актуелниот Grand Cherokee. Во секој случај теренецот на Maserati нема да се разликува од американскиот модел само по значката, туку ќе има каросерија со комплетно различен стил. Според американските медиуми, теренецот ќе користи каросерија што целосно е изработена од алуминиум. Во поглед на дизајнот, Levante ќе ја следи линијата на Quattroporte, Ghibli и GranTurismo.

_FR10333 (Small)

Моторите ќе бидат преземени од моделите Ghibli и Quattroporte, а покрај нив ќе се нуди и еден турбодизел. Моќноста на трилитарскиот V6 со битурбо натполнење ќе изнесува 410 КС, додека оцумцилиндарецот од 3,8 литри ќе достигне до 530 КС. Ниту трилитарскиот дизел нема да заостанува многу со 275 КС и 600 њутнметри. Сите мотори ќе бидат комбинирани со автоматски менувач со осум степени и со погон на сите тркала.

Според првичните планови, Levante требаше да се произведува во истите погони со Gran Cherokee во САД. Поради тоа што продажбата на Jeep е во рапиден пораст, на производствените ленти нема доволно место за теренецот на Maserati.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota ги прави семафорите попаметни

Дизел место бензин: Американците го утнуваат горивото