Познатиот натпис Меџик на маркетите на станиците за гориво на Макпетрол доби наследник: Верна Шоп & Драјв е новото име. Очигледно дека и компанијата се движи заедно со возилата што ги користат нејзините горива
Маркетите Меџик на Макпетрол добија ново име, Верна Шоп & Драјв. Со овој чекор се потврдува дека компанијата постојано вложува идеи и труд во иновации, коишто на крајот сепак треба да допрат до потрошувачите, и најважното, да бидат прифатени позитивно. Преименувањето во Верна е „природен“ потег, имајќи предвид дека ова име е препознатливо, познато и својствено за Макпетрол – покрај симболиката што тоа ја содржи, секако.
Како што соопштуваат од компанијата, „Макпетрол постојано ги следи навиките на своите потрошувачи и се труди на најдобар начин да им излезе во пресрет. Секоја промена ја гледаме како позитивен одраз на развојот на нашата компанија и нашата визија за иднината.“
Макпетрол годинава ја пушти во примена и мобилната апликација Верна GO, којашто ги прикажува најблиските станици за гориво, заедно со информации за услугите што можат да се добијат на истата. Пред почетокот на летната сезона беше пуштена во работа и обновената станица во Гевгелија.
Верна и на мобилен телефон: Макпетрол ја претстави апликацијата Верна GО
Макпетрол од денес точи нова генерација дизел горива
Макпетрол со обновена станица во Гевгелија и најава за нов дизел

















