за

Новите цени на Макпетрол пониски од „регулаторните“

polnenje gorivo

Макпетрол денес ги објави новите цени на нафтените деривати. Неосновани се покажаа претпоставките на некои институции и поединци, дека по престанокот на старата методологија ќе следи драстично поскапување на горивата.

Соопштението од Макпетрол го пренесуваме целосно во оригиналната форма:

„Макпетрол“ АД Скопје ги информира своите потрошувачи и пошироката јавност дека, по настапувањето на периодот во кој „Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)“ не донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно досегашната Методологија, од причина што истата престана да важи, а имајќи предвид дека РКЕ јавно се произнесе дека нема да определува највисоки цени на нафтените деривати до носењето на нова методологија, „Макпетрол“ АД Скопје пристапи кон формирање на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати кои се достапни на бензинските станици на Компанијата.

Методологијата по која „Макпетрол“ АД Скопје ги формираше новите највисоки малопродажни цена на дериватите е светски призната методологија, која во себе ги вклучува сите давачки и сите реални трошоци на компаниите.

Како корпоративно општествено одговорна компанија, постојано работиме на тоа нашите потрошувачи навремено да бидат информирани за сите новости, како и да им овозможиме најквалитетни горива по најприфатливи цени, па така, ќе важат следниве цени на нафтените деривати:

– Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 71,00 денари за литар;

– Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 73,00 денари за литар;

– Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 64,00 денари за литар;

– Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 65,00 денари за литар;

– Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,00 денари за литар.

Согласно нашите пресметки, кога цените на нафтените деривати би се определувале по старата методологија, истите би биле повисоки од горенаведените цени кои се определени согласно Методологијата применета од „Макпетрол“ АД Скопје.

Имајќи го предвид горенаведеното, неосновани се покажаа стравувањата на одредени институции и поединци дека либерализацијата на цените на пазарот на нафтени деривати би предизвикало ценовни шокови, односно нивно поскапување.

„Макпетрол“ АД Скопје ќе продолжи и во иднина да работи со желба да овозможи најдобар квалитет на нафтените деривати и услугите за сите наши потрошувачи по најповолни цени.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Македонија Галичник

Со Porsche до Галичник: Знаат ли овие автомобили за ограничувања?

smart final collectors edition 21

Последни 21 примероци од Smart со обичен мотор