Индиска Mahindra победи на суд, копијата на Jeep смее да се продава во САД

Fiat, дел од концернот Stellantis, го тужи индискиот производител Mahindra, за дизајнерските елементи што нивниот теренец Roxor ги позајмува од Jeep, вклучувајќи ја и самата форма на возилото.

Fiat Chrysler Automobiles NV загуби на повтореното судење и не успеа да ги спречи Mahindra & Mahindra да го продаваат редизајнираниот теренец Roxor на пазарот во САД. Итало-американскиот производител, што во 2021 година стана дел од Stellantis, тужи за копирањето на дизајнот на историскиот Jeep Willys.

Судот во Мичиген на 19-ти јули донесе решение, со коешто Mahindra Automotive North America може да продолжи со производство, продажба и дистрибуција на верзиjата на Roxor што е произведена по 2020 година. Тоа го соопшти индиската компанија со седиште во Мумбаи.

Судот го отфрли барањето на Fiat да се донесе „правило на безбедна оддалеченост“ за Roxor.

Судскиот спор почна откако Fiat поднесе тужба дека Roxor е „безмалку идентична копија“ на Јeep, со некои дизајнерски елементи, како што е „кутиестата форма на каросеријата со вертикални страници што се размни и со опаш што завршува на иста висина со хаубата.“

Во јуни 2020, меѓународната комисија за трговија кажа дека додека Roxor не ги прекршува заштитените авторски права на Fiat, туку го прекршува „трговското одело“ – така се нарекува изгледот со којшто одреден производ го прикажува своето потекло пред купувачите – по што беше дадена препорака за забрана на увоз и продажба на делови од Roxor.

Mahindra на тоа одговори дека моделските 2018 и 2019 годишта на Roxor, коишто се предмет на судскиот спор – повеќе не се произведуваат и дека моделот од 2020 годиште има сменет изглед.

Во декември истата година, Комисијата оцени дека новото моделско годиште на Roxor повеќе не го повредува трговското одело на Jeep и ја смени претходната одлука според којашто требаше да се забрани увозот на Roxor.

Претходна објаваAlfa Romeo подготвува суперспортски автомобил во ограничена серија
Следна објаваAlfa Romeo го заврши полугодието со рекордна продажба во Италија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here