Неприскосновен хит-модел на Alfa Romeo е компактниот СУВ-модел Tonale. Во јуни, тој беше најпродаван модел во Ц-СУВ сегментот на италијанскиот пазар, со 2.300 примероци.
Од месец во месец напредува и СУВ-моделот од средната класа Stelvio. Неговиот удел во сегментот на СУВ-моделите од средната класа на италијанскиот пазар во јуни беше уште поубедлив, со 11 проценти.
За втората половина од годината, миланската марка очекува силен продажен поттик од освежените моделски годишта на Giulia и Stelvio, како и од нивните верзии со високи перформанси Quadrifoglio.
Alfa Romeo го заврши првото полугодие во Италија со два рекорди: Пазарниот удел во јуни не само што се врати на нивото од пред три години, туку и бројот на испорачани возила во првите шест месеци се зголеми двојно во споредба со истиот период лани. Со тоа се потврдува напредувањето на Alfa Romeo, којашто од година в година постигнува најголем раст во продажбата меѓу премиум марките.
Ѕвезда на месецот е Tonale, којшто својот прв роденден го прослави како лидер во Ц-СУВ сегментот со околу 2.300 испорачани возила во Италија и удел од преку 7 проценти.
За високата побарувачка за Tonale придонесува и врвната изведба во гамата, којашто вози со приклучен хибрид со 280 КС и погон на сите тркала Q4. Топ-моделот веќе се вбројува меѓу најпопуларните модели со приклучен хибриден погон во конуренција на премиум марки во Италија.
















