Лондон Моторшоу со штанд за сопственици на „посебни“ автомобили

лондон моторшоу посетители изложувачи

Лондон Моторшоу им нуди можност на возачите што особено се гордеат на своите автомобили да ги прикажат истите на специјален штанд пред публиката на салонот. Гласови на социјалните мрежи ќе решаваат за десетмината најсреќни сопственици што ќе имаат „свој“ штанд.

Од Англичаните секогаш може да се очекува нешто оригинално. Организаторите на салонот на автомобили во Лондон им нудат можност на сопствениците што ценат дека нивните автомобили се нешто особено, да ги изложат своите миленици пред публиката на салонот. Лондон Моторшоу годинава се одржува меѓу 16-ти и 19-ти мај.

Десетмина возачи што на социјалните мрежи ќе добијат најмногу гласови за своите автомобили, ќе можат да ги прикажат своите олдтајмери или тјунирани возила пред публиката. Покрај честа да бидат „изложувачи“ на салонот, нив им следат и по три бесплатни влезници. Познатите тв-лица Мајк Бруер, Тим Шо и Фаз Таунзенд ќе ги оценуваат автомобилите и соодветно ќе го прогласат „Автомобилот на шоуто“.

Возачите на грижливо чувани и преработени возила ќе се најдат рамо до рамо со најголемите светски производители

Сите што ценат дека нивниот автомобил може да победи во гласањето, како што е вообичаено денес, треба да објават фотографија од возилото на фејсбук, обележана со #londonmotorshow. Бидејќи организаторот не наведува дека и транспортот на возилото е вклучен во „наградата“, натпреварот се сведува во национални рамки. Но, ваквите идеи обично поттикнуваат други идеи.

https://thelondonmotorshow.co.uk/

 

Претходна објаваЦрни кутии и камери за рикверц задолжителни по 2022 година
Следна објаваRenault ја претстави електричната „Dacia“ во Шангај

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here