Lexus најавува премиера за купето RC на салонот во Токио

Престижната марка на Toyota ќе го претстави наследникот на купето IS на салонот во Токио во ноември. Новото купе ќе ја носи моделската ознака RC и со дизајнот се ориентира според концептот LF-CC.

Продажбата на Lexus RC на американскиот пазар, како примарен за марката, ќе стартува кон крајот на следната година. Основа за возилото е концептот LF-CC што марката го прикажа на салонот во Париз во минатата година, со техника од моделските серии IS и GS. Прототипите на новиот модел на Lexus во моментов се наоѓаат на завршно тестирање на германската патека Нирбургринг.

Lexus_LFLC_Concept_006

Моторот во купето RC ќе биде шестцилиндарец од 3,5 литри во V, односно истиот од лимузините IS и GS. Во Јапонија и во Европа ќе се нуди и хибридна верзија од моделот, но не и на пазарот во САД. На салонот во Детроит во јануари се очекува врвната моделска изведба RC-F, со осумцилиндарскиот мотор со 416 КС од актуелното купе IS-F.

Претходна објаваKia продаде 1,4 милион возила во првото полугодие
Следна објаваКонцептот Volkswagen Taigun ќе влезе во серија во 2016?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here