Lexus е вообичаена појава на собирот на брзите и скапите автомобили кај Лорд Марч, познат и како Фестивал на брзината во Гудвуд. На една од своите омилени сцени, луксузната марка на Toyota пристигна со најава што ќе ги израдува љубителите – кабриолет изведба на LC.
Lexus LS и Lexus LC ќе добијат придружба во врвот на понудата на јапонската премиум марка. Кабриолет на база на LC наскоро ќе стартува со производство. Потврдата за тоа пристигна преку појавувањето на маскираниот автомобил пред публиката на Фестивалот на брзината во Гудвуд.
Купето LC ја постигна веројатно најжестоката пресвртница во начинот на којшто светот ја гледа марката Lexus. Со ова мајсторско парче, со дизајн рамноправен на Aston Martin или Maserati, но и со возни квалитети што се од суштинско значење за еден гран-туризмо да биде признаен како таков, Lexus LC стана важно име во онаа мала и избрана дружина модели, во којашто не се пристапува лесно.
https://photos.app.goo.gl/qTi5aK8nBvCPiwZZ7
Марката што ги произведува своите автомобили главно во Мотомачи, работилница поблиску до бајка отколку до фабрика, ги најави своите „отворени“ планови уште во јануари, на салонот во Детроит, преку LC Convertible Concept.
Освен по платнениот покрив, кабриолетот ќе се разликува и во неколку каросериски детали од купето
Како што ветуваат од Lexus, големите бандажи и кусите каросериски превиси ќе му дадат посебен печат на кабриолетот, односно тој нема да биде само изведба со симнат покрив од купето LC.
https://photos.app.goo.gl/CF5ToBk9fjcPbPuM6
Зад воланот на прототипот во Гудвуд се најде Ник Кесиди, кој моментно се трка во класата GT500 во првенството Super GT во Јапонија, за тимот Keeper Tom’s. По појавувањето пред публиката на Фестивалот, кабриолетот ќе има уште неколку настапи, со цел да се соберат уште неколку реакции од јавноста.
Купе изведбата Lexus LC имаше светско деби токму на Фестивалот на брзината во Гудвуд во 2016 година.
Техничките податоци и датумите околу пазарниот старт на Lexus LC Convertible ќе бидат објавени подоцна. Јапонската марка веќе имаше кабриолет во високата класа, во втората генерација на SC, меѓу 2001 и 2010 година.
Легендарниот и ултра редок Lexus LFA не може да го одмине Гудвуд
https://www.instagram.com/p/Bzf1cvKoDFv/
https://youtu.be/6mB2CBdQLzo
















