за ,

Lexus подготвува радикален дизајн за идниот теренец

Со години, спортските теренци постојано добиваат на динамичност. Престижната марка на Toyota го крунисува овој тренд и претставува студиски автомобил на кого би му прилегало и логото на Lamborghini.

Студијата LF-NX на Lexus има цел да испроба како публиката на салонот во Франкфурт ќе реагира на компактен спортски теренец. Хибридниот погон е вообичаен за Lexus, но не и изгледот на бомбардер. Од шестаголната маска поаѓаат мнугобројни линии и ја разигруваат каросеријата, слично на стилот што го познаваме од болидите на Lamborghini. Во внатрешноста пречекува кокпит што е ориентиран кон возачот, со таа разлика што ракувањето не се врши преку контролер во средишната конзола како кај големиот RX, туку преку поле што реагира на допир.

lexus lf-nx 1

Сосема очекувано за Lexus, погонот е хибриден, иако производителот не открива многу податоци околу него. Доколку од овој студиски автомобил произлезе сериски модел, во него може да се очекува дека ќе работи погонската ериница со 230 КС од моделот од средната класа GS. Останатите компоненти ќе се користат од компактниот теренец RAV 4 на мајката Toyota. Претставувањето на серискиот модел, во случај публиката да реагира позитивно на студијата, нема да биде пред крајот на 2014 година.

lexus lf-nx 4

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Maserati со потпис на Ерменегилдо Зења

Краш тест на Euro NCAP: Пет автомобили, 23 ѕвезди