Престижната марка на Toyota на салонот во Женева потврди дека концептот UX ќе биде реализиран во сериски модел.
Нов член пристига во понудата од теренци на Lexus. Идниот UX ќе биде позициониран под компактниот NX и ќе биде наменет за помладиот круг купувачи. Шефот Јошихиро Сава не го открива датумот кога ќе се појави серискиот модел, но наведува дека „тоа ќе се случи набрзо“.
Според Сава, актуелните модели NX и RX го привлекуваат интересот и на помладите возачи. Традиционалните купувачи на Lexus се во позрело доба, но најголемиот пазар за кросоверите на луксузната марка на Toyota сепак е помладата публика. По примерот на радикално дизајнираниот NX кој се појави во речиси неизменета форма од концептот на моделот, за очекување е дека истото ќе се случи и со неговиот помлад брат UX, којшто доживеа премиера како концепт на салонот во Париз лани.
















