за

Lexus ги има најдобрите автомобили и дилери според Британците

Според читателите на магазинот Auto Express, престижната марка на Toyota ги прави најдобрите автомобили и нејзините дилери се најкорентни кон клиентите.

Читателите на магазинот и посетителите на веб страницата на Auto Express го изгласаа Lexus за победник во шест од седумте категории на последното истражување. Британските возачи веруваат дека Lexus ги прави најдобрите автомобили, но сметаат и дека марката ги има најдобрите дилерства во браншата. Тоа е резултатот од истражувањето што магазинот го спроведе меѓу 46.000 читатели и посетители на веб страницата.

Со тоа се потврдува водечката позиција која што Lexus ја освои минатата година. Сестринската марка Toyota исто така се пласираше одлично и се најде на третото место. Претходно годинава, Lexus ја потврди својата репутација освојувајќи го првото место на листата на најпочитувани автомобилски марки.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Електричниот Land Rover Defender вози за 2 фунти дневно

Подобро вклучена клима отколку отворен прозорец