за

Airbus разви летечко такси за иднината

летечко такси airbus

Како градски превоз во иднина ќе се користи и летечко такси, покрај автобускиот превоз или метрото. Airbus тестира автопилотирани летала за четири патници, кои ќе вршат превоз само на подрачјето на градовите и во почетокот само по точно одредена рута. Но, дотогаш има уште време.

Производителот на Airbus A380 во иднина ќе се посвети на превоз на четири, место 853 патници. Во германскиот Инголштат беше претставено летало, коешто е незабележливо покрај големите „железни птици“, но затоа има голема улога за превозот на куси растојанија во иднина. Станува збор за нешто сосем ново, за летечко такси.

Електричното такси има четири двојни ротори и постигнува досег до 50 километри. Брзината на летање изнесува 120 километри на час. Нема пилот, а се полетување и слетување вертикално. Во иднина, летечкото такси ќе биде алтернатива за автомобилите, исто како и за автобусите или метроата.

Во почетокот нема летови над населени подрачја

Тестирањето на летечкото мини е планирано кон средината од годинава. Останува уште многу работа додека се достигне зрелост за пуштање во реална примена. Моментно не се дозволувааат летови над населени подрачја.

Според Airbus, европската легислатива ќе го дозволи користењето на летечкото такси најрано во средината на следната декада. Конкурентот Boeing напредува подобро. Американците ги тестираа прототипите на автопилотираното воздушно такси во јануари.

Производителите на автомобили исто така сакаат да се вмешаат во бизнисот со летечкото такси. Daimler е дел од проектот Volocopter и прави редовни тестирања на аеродромот во Франкфурт. Голем интерес има и меѓу стартап-компаниите, каква што е Lilium, на Франк Стефенсон, поранешен дизајнер на McLaren. Во бизнисот сака да се вклучи и соосновачот на гугл, Лери Пејџ, преку неговата фирма Kitty Hawk.

Летечки автомобил од половина милион евра на салонот во Женева

Дубаи воведува летечко такси

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

citroen c5 aircross skoda karoq sporedba automediamk

Прашање на добар избор: Издолжен Citroen C5 Aircross или моќна Skoda Karoq

Suzuki Jimny 1.5 GL Test AutomediaMK

За преку ред до Suzuki Jimny се плаќа и по 10.000 евра