Пикап Ленд Ровер Дифендер ќе биде понуден на пазарот во САД, како прв модел што ќе произлезе од соработката на производителот на луксузни теренски возила со концернот Стелантис. Таа соработка ќе биде насочена првенствено кон пазарот во САД.
Со производството на пикапот во САД, Ленд Ровер ќе го избегне т.н. „пилешки данок“ во висина од 25 проценти, што инаку важи за увезените пикапи во земјата.
Веста прв ја објави Тајмс, угледен британски дневен весник со седиште во Лондон.
Ленд Ровер и Стелантис не одговориле со коментар на барањето на весникот.
Двата производители објавија во мај дека потпишале писмо на разбирање со цел да „се истражуваат можности за соработка во развојот на модели“ во САД.
Писмото ќе биде финализирано кон завршетокот на годинава.
Во рамките на необврзувачкото писмо на разбирање, компаниите соопштија дека соработката ќе биде насочена кон „создавање синергија при развојот на модели и технологија, со цел да се искористат моќите на компаниите и да се постигне корист за двете организации.“
Извршниот директор на Џагјуар Ленд Ровер, ПБ Балаџи, во мај кажа дека соработката со Стелантис ќе одигра важна улога во наоѓањето нови можности.
Џагјуар Ленд Ровер (ЈЛР) ги увезува сите возила што ги продава во САД, нивен најголем пазар во светот. Претседателот Доналд Трамп во 2025 година воведе дополнителни царини во висина од 10 проценти за автомобили произведени во Обединетото Кралство и 15 проценти за автомобили од ЕУ. Дифендер се произведува во фабриката на ЈЛР во Словачка.
ЈЛР планира да освојува нови сегменти со помош на Стелантис
Моделите што ќе се произведуваат во САД ќе бидат развиени со помош на Стелантис, место ЈЛР да го префрлува производсвото на своите најпродавани моделски серии во земјата.
Британскиот производител на автомобили ќе освојува нови сегменти со модели коишто ќе се водат под името Дифендер и истите ќе ги произведува Стелантис.
САД се најголем пазар за пикапи во светот, каде што тројката од Детроит владее и постигнува огромна заработка.
Соединетите Држави добија многу на важност како пазар на ЈЛР, откако опадна продажбата во САД, некогаш најголем пазар на Британците.
Не се спомнуваат технички детали. Стелантис во моментов не нуди пикап со едноделна каросерија. Наспроти тоа, Дефендер поседува таква конструкција. Исто така е нејасно и кои мотори ќе се вградуваат во пикапот на Ленд Ровер. Доколку се увезуваат мотори од Европа, тие ќе подлежат на царини.
Но, користењето на постоечките мотори на Стелантис нема да биде соодветен избор за премиум пикапот.
Идниот пикап Диефендер нема да биде прв од таков вид што ќе се продава во САД. Во 1960-те и раните 1970-ти години, Бритиш Лиленд продаваше такви пикапи од Серија 1 и Серија 2, базирани врз класичните теренци на Ленд Ровер со носечка рамка.
















