Land Rover Defender на тестирање во Црвен крст

Land Rover Defender proba Dubai
Land Rover Defender proba Dubai

Откако успешно го мина тестирањето кај организацијата за заштита на животните и природата Таск, новиот Land Rover Defender мораше да се покаже на дело и кај автомобилските специјалисти на меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Искусните возачи на оваа организација се менуваа зад воланот на прототипите на Defender заедно со развојните инженери, возејќи во услови на екстремна жега во пустинскиот песок во Арапските Емирати.

Со ова воедно завршува и обемната програма на тестирање на новата генерација на теренската икона Land Rover Defender, којашто опфати 1,2 милион километри. Во Дубаи се наоѓа глобалниот центар за возила на меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

https://photos.app.goo.gl/GmkFBDXFRagfPj8f8

Британската марка што е специјализирана за теренски возила ќе го сочинува возниот парк на организацијата за помош и во следните три години. Се планираат проекти за спречување и помош од природни катастрофи, меѓу другото во Индија, Мексико и Австралија.

Партнерството со Land Rover влече корени од 1954 година, кога хуманитарната организација почна да користи посебно изведен Land Rover од првата генерација. Возилото служеше како подвижна апотека во Персискиот Залив.

Претходна објаваVolkswagen повторно со растечка продажба во САД
Следна објаваToyota меѓу малкуте марки што растат во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here