за

Land Rover ги наградува најголемите авантуристи во светот

land rover nagradi avanturisti film
land rover nagradi avanturisti film

Специјалистот за теренски возила Land Rover, во партнерство со Европската Тура на Авантуристички Филмови (European Outdoor Film Tour) го најавува првото доделување награди во рамките на манифестацијата „Награда за авантурист на 21-от век“.

Наградата е во вредност од 10.000 евра и во иднина ќе се доделува еднаш годишно, како одликување на најголемите авантуристи што се актуелни во периодот. Петчлено стручно жири за првиот избор ги номинираше планинарката Тамара Лунгер, кајакарот Бен Стуксбери, поларната експертка и авантуристка Сара Мекнер-Лендри и параглајдеристот Антоан Жирар.

Победничката или победникот ќе биде соопштен за време на премиерата на Европската Тура на Авантуристички Филмови во Минхен, на 9-ти октомври. Land Rover и EOFT ќе снимат документарен филм за носителот на наградата. Овој филм од наесен ќе се прикажува во рамките на 500 настани на EOFT во 20 држави.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche 911 RSR lego autostadt

Porsche со 510 КС заменет со Porsche од 350.000 лего коцки

Mercedes автоматско паркирање во гаража

Во гаражата на музејот на Mercedes: Возило се паркира автоматски