за

Land Rover го најавува новиот Freelander за салонот во Њујорк

Новиот концептен автомобил на британскиот специјалист за теренци најавува дека идните модели на марката ќе имаат спортска ориентација во изгледот. Концептот е најава за идниот Freelander.

На салонот во Њујорк што почнува на 18-ти април ќе биде претставен концептниот автомобил Discovery Vision Concept, како најава за новата генерација на Land Rover Freelander. На фотографијата што Британците ја објавија денес се открива само детал од внатрешноста и груб нацрт од контурите на возилото, прикажан на дисплејот во средишната конзола. Но, и овој детал е доволен да се заклучи дека Land Rover размислува да користи голем дисплеј по целата површина на средишната конзола, во стил на Tesla Model S.

Големиот дисплеј, односно повеќе таблет отколку дисплеј, ги заменува класичните прекинувачи и команди во конзолата, овозможувајќи прегледен, флексибилен и модерен изглед на кокпитот. Таблетот е врамен со дебели хромирани лајсни, а во делот од конзолата меѓу седиштата се гледа препознатливиот контролер со ротирање и притискање, когошто го познаваме од компактниот Range Rover Evoque.

Во кабината на Land Rover Discovery Vision Concept има место за седуммина патници. Идниот сериски модел што ќе произлезе од концептот ќе го замени сегашниот Freelander. Класичната верзија со пет седишта ќе го носи името Discovery Sport, по пример на Range Rover Sport, додека седумседот со продолжено меѓуоскино растојание ќе се нуди како Discovery Grand.

discovision 1

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најдобриот увозник на Skoda е во Велика Британија

Никој не пријавува повеќе патенти од Toyota