Lancia Flaminia шест децении им служи на италијанските претседатели

Преседателот на Италија, на Италијанската Република, Серџо Матарела, ja отвори свеченоста по повод 2-ри јуни, Денот на Републиката, возејќи се во претседателската Lancia Flaminia.

Повеќе од шест децении, Lancia Flaminia служи како официјален автомобил на Претседателот на Италијанската Република.

Автомобилот претставува обележје на италијанската креативност и елеганција ширум светот. Lancia Flaminia е меѓу деветте модели од минатото на марката, што послужија како инспирација за идните модели.

Од 1961 година, Lancia Flaminia е во служба на Претседателот. Моделот ја имаше својата премиера на салонот во Женева во 1957 година. Задвижувана од 2,5-литарски V6, лимузината беше знаменосец на марката, со врвна изработка и со престиж со каков што ретко кој друг автомобил располагаше во тоа време.

Прочуената каросериска работилница Pinin Farina во 1961 година го изработи претседателскиот кабриолет со продолжено меѓуоскино растојание. Моделот е познат како 335, тоа е вредноста на меѓуоскиното растојание во сантиметри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by I Love Lancia (@ilovelancia)

Од моделот се изработија само четири примероци, сите опремени со различен под, со министерска сина ливреја, престижна црна кожа коноли, интерком и пет седишта назад.

Првата светски влијателна личност што се возеше во новиот државнички автомобил беше Кралицата Елизабета Втора. Потоа следеа Џон Кенеди, Шарл де Гол и други светски политичари и државници. Flaminia е амбасадор на Италија ширум светот.

Претходна објаваToyota Yaris Cross имаше само еден проблем, тоа што не е Lexus
Следна објаваKia има нов дизајнер, Џон Бакингем доаѓа од BMW

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here