Lamborghini ги замрзнува плановите за купето Asterion

Еуфоријата меѓу првите луѓе во Lamborghini околу купето Asterion нема да помогне овој автомобил да влезе во сериско производство. Купувачите повеќе го сакаат спортскиот теренец Urus, купето Asterion ќе мора да чека.

Спортската марка од Сант Агата во моментов ги подготвува сите капацитети за новиот Urus, луксузниот теренец со техника од Audi Q7 и идниот Bentley Bentayga. На ланскиот салон во Париз, Lamborghini го прикажа концептниот автомобил Asterion, со изглед што се навраќа во минатото на марката, во комбинација со модерен хибриден погон од 5,2-литарски мотор V10 со два електромотора и системска моќност од 910 КС. Овој автомобил сепак ќе мора да причека подобри времиња за да најде место во понудата од модели на Lamborghini и дотогаш ќе остане само како концептен автомобил преку кого што марката прикажувакако ќе излегува во пресрет на идните построги барања за заштита на животната средна.

Во исто време, Asterion имаше задача да испита како купувачите ќе реагираат на модел со заоблени каросериски форми, различни од радикалниот дизајн на суперспортските модели на Lamborghini и инспирирани од минатото на марката од Сант Агата. Asterion понуди и повеќе простор во кабината и поголема функционалност, исто така со цел да се испита реакцијата на пазарот.

 

Претходна објаваHonda Civic Type R како награда за рекорд на Нирбургринг – На симулатор
Следна објаваРакетно забрзување и за Tesla Model X: Три и пол секунди до стотка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here