за

Lamborghini Veneno Roadster подготвен за полетување

Хиперексклузивниот модел под знакот на бикот доживеа премиера на вистинското место: На носачот на авиони Nave Cavour во пристаништето во Абу Даби.

На ексклузивна „италијанска вечер“ во присуство на менаџери, клиенти и важни личности, синоќа беше претставен најновиот модел на Lamborghini кој ќе се произведе во само девет примероци – на место кое единствено му доликува на Veneno Roadster, на 240-метарската палуба на воениот носач на авиони Nave Cavour, закотвен во пристаништето Мина Зајед во Абу Даби.

„Lamborghini Veneno Roadster е еден од најексклузивните автомобили во светот со екстремни перформанси“, коментираше шефот Штефан Винкелман. „Почестени сме што Lamborghini е избран да ја претставува италијанската авто индустрија во ОАЕ, како совршен пример за иконските суперспортски автомобили од Италија, како и за тоа што имаме можност за премиерно да го прикажеме Veneno Roadster во Абу Даби. Lamborghinbi има исклучително верни приврзаници во регионот на Средниот Исток, како еден од нашите најголеми пазари во светот.“

Lamborghini Veneno Roadster е тркачки болид со регистерски таблички, со аеродинамика на тркачки прототип, со екстремен дизајн и со перформанси од кои запира здивот. Во текот на 2014 ќе се произведат девет примероци, секој со цена од по 3,3 милиони евра.

Со дванаесетцилиндарецот со 750 КС, Veneno Roadster забрзува до сто за 2,9 секунди, а крајната брзина е 355 километри на час. За премиерата во Абу Даби, болидот беше лакиран во специјалната боја „Росо Венено“. Секој клиент ќе има можност да избере боја по желба за својот ексклузивен примерок, тоа не е проблем покрај цената.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo ќе пушти 100 автомобили да возат самостојно

Британците возат најскапо, Арапите најевтино