за

Ламборгини има полни книги со нарачки, богатите не престануваат да купуваат

Ламборгини ќе го претстави својот прв електричен автомобили во 2028 година. Прво техниката треба да созрее до нивото што ќе одговара за луксузната марка.

Ламборгини лани го пушти во продажба својот прв модел со приклучен хибриден погон, Ревуелто.

Марката од Сант Агата д’Болоњезе го има распродадено производството до 2026 година. Најбогатите купувачи на автомобилската сцена одвај дека покажуваат знаци дека ги погодува забавувањето на економијата ширум светот.

„Уште е рано да се даде прогноза, меѓутоа немаме знаци дека пазарот слабее,“ изјави извршниот директор Штефан Винкелман.

Производителот на суперспортски автомобили лани постигна рекорд со продадени над 10.000 возила. Ламборгини го претстави Ревуелто, својот прв приклучен хибриден модел и за миг ги пополни местата во производството за следните две години.

Ламборгини бавно ги воведува електричните возила во својата понуда и го планира својот прв модел со батериски електричен погон за 2028 година, долго по конкурентот Ферари.

„Не сакаме да бидеме први со оваа технологија,“ кажа Винкелман. „Сакаме да се појавиме на пазарот кога ќе бидеме најдобри, и кога технологијата ќе созрее.“

Стабилниот пазар на суперавтомобили е во чиста спротивност со пошироката автомобилска индустрија, каде што матичниот концерн на Ламборгини, Фолксваген, се соочува со забавување на побарувачката за електрични возила, што притиска врз плановите за германскиот концерн да се збогува со моторите со внатрешно согорување.

Со полни книги со нарачки, Ламборгини има повеќе слободен простор за побавно да се впушти во електромобилноста. Винкелмани цен дека тоа ќе овозможи да се унапреди батериската технологија, со којашто досега Кина е доминантна.

„Тоа што ќе го понудиме утре, ќе има поголем батериски капацитет од тоа што Кинезите го нудат на пазарот,“ додаде Винкелман. „Внимателни сме со новата технологија.“

И покрај умереното темпо на елеткрификацијата, Ламборгини спроведува стратегија на одржливост што е подржана од „најголемиот инвестициски план во 60-годишната историја на компанијата,“ објавија Италијанците во соопштение, вклучувајќи декарбонизација на својата фабрика во Сант Агата д’Болоњезе.

Ламборгини соопшти и дека до 2026 година ќе вработи најмалку 500 нови лица.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

БМВ произведува посебна изведба на серијата 5 за Кина

Мини Ејсмен ветува многу простор на мала должина