за

Lamborghini Aventador SV Roadster: Формула 1 со дозвола за возење по улица

Суперспортската марка ќерка на Audi ја прикажа отворената изведба на Lamborghini Aventador SV како светска премиера во американскиот Пебл Бич. Исто како купето, од кое што сите 600 планирани примероци веќе се распродадени, Aventador LP 750-4 SV Roadster поседува дванаесетцилиндарски мотор со 750 КС при 8.400 вртежи и вртежен момент од 690 Nm. Забрзувањето на SV (од SuperVeloce) до сто трае 2,9 секунди, а крајната брзина изнесува преку 350 километри на час. Од ексклузивниот родстер ќе се проиизведат 500 примероци во Сант Агата д’Болоњезе. Заради дополнителните структурни елементи за зајакнување на каросеријата, Aventador SV Roadster тежи 75 килограми повеќе од купето, но е се уште полесен за 50 килограми од стандардниот LP 700-4 Roadster. Дводелниот покрив е изработен од карбон и тежи само 12 килограми. Кога покривот е подигнат, звукот од моторот може да се пренесува до кабината преку задниот прозорец што се спушта со електромотор.

За првпат во истоијата на Lamborghini родстер верзија ја добива тркачката спецификација SуperVeloce
За првпат во истоијата на Lamborghini родстер верзија ја добива тркачката спецификација SуperVeloce

Според шефот Штефан Винкелман, „Овој Superveloce е досега најпуристичкото, најбрзо и најконсеквентно сериско Lamborghini ориентирано на мотоспорт. Тој ги исполнува желби на нашите клиенти за безгранична емотивна динамика во возењето со невообичаено доживување во возење на отворено.“

Lamborghini Aventador SV Roadster е прв „SuperVeloce“ што е изработен во серија. Моќноста од 750 КС се пренесува на сите четири тркала преку седумстепен менувач со двојна спојка од Graziano и халдекс-спојка од четвртата генерација. Активното подвозје користи магнето-реолошки принцип, а на тоа се надоврзува и управување со променлив преносен однос. Испораката на LP 750-4 SV Roadster ќе започне рано во следната година, по цена од 357.000 евра, без ДДВ.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lotus со лесна нога: Ексклузивна серија Exige 360 Cup

iCar веќе вози: Apple изнајми патека за тестирање во Калифорнија